Среда, 22 Октомври 2025   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 74“ – ГЛАСИЛО НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО ОД СИДНЕЈ

314

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го издаде списанието „Повод 74“ наменето за литература и култура. Тоа се појави од печат и во електронска форма, двојазично кое успешно го промовира македонскиот јазик, литература, култура, македонската заедница во демократска Австралија.

Издавач на списанието „Повод 74“ е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајнер е Александар Донски.

Списанието „Повод“ бр. 74  за октомври 2025 година, наменето за литература и култура се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија и во Македонија. Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ а е посветено на доблесниот македонски иселеник од Сиднеј, Крсте Наумоски-Мечкарот.

Крсте Наумоски-Мечкарот е роден во  Мислешево, предградие на  Струга. Тој е маркантна личност во македонската заедница во Австралија, чие име се изговара со почит- чест стекната за неговото несебично залагање и активност на општествено, хуманитарно и културно поле, за промоција и афирмација на македонството на овие простори. Тој учествувал на многу демонстрации и протести за разобличување на грчките антимакедонски влијанија Врз австралиската влада, успешните настапи на традиционалното Мумба Фестивалот, многуте хуманитарни акции, како за Македонија, така и за австралиските здравствени институции и организации, Наумовски е секогаш иницијатор и реализатор во македонското културно живеење.

Тој е автор на бројни поетски дела, меѓу кои, збирките „Солзи, Клетви и Надежи“ и „Копнеж. Тој е автор на песмата,,Кажи ми Пирин" или ,, Пирински Македонец", која заедно со песната „Песна за Овчарани’ е химна кај Македонците од Беломорска Македонија. Секако е најславен со текстот на песните „Велат не нема“, „Пела“, „Деца Бегалци“ и други.

Крсте Наумоски-Мечкарот се прослави на јубилејниот меѓународен поетски фестивал “Охридски поетски бисер“, кој се одржа во манастирот ,,Свети Наум” во Охрид, каде му беше доделени Наградата за животно дело.

Во продолжение во „Повод 74“ е поместен текстот „11 Октомври-вечен празник на Македонците во Македонија и во иселеништвото“, од авторот на овие редови, Славе Катин, во кој, меѓу другото се вели дека на 11 октомври 1941 година, пред точно 84 години, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Зато овој голем ден се прославува не само во Република Македонија, туку и во иселеништвото во целиот свет каде што живеат Македонци од сите делови на Македонија, каде традиционалните прослави секоја година се организираат со богата културно-уметничка програма. Потоа се поместени песните „Приказна за 11 Октомври“ од Гордана Димовска и „11 Октомври„ од Саво Костадиновски.

Во овој број интересени се текстовите за наградените дела од конкурсот за „Прличевата награда за 2024 година“  во кој е забележано дека комисијата во состав: Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Цвета Чумковска донеле одлука да ги наградат најдобрите дела пристигнати за традиционалниот награден конкурс.за: Песни за возрасни; Песни за деца; Раскази за возрасни и Раскази за деца.

Потоа во овој брј е поместен текст од Славе Катин за промоцијата на монографијата „Исповед кон мајка му Љуба“ од Иван Трпоски, што се одржа во собата на Григор Пличев во Библиотеката во Охрид. За ликот и животните постигнувања на Иван Трпоски зборуваше познатиот новинар и публицист Милчо Јованоски, кој, меѓу другото рече дека Иван Трпоски е познат општественик и творец во Сиднеј, кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации каде несебично работи за доброто на Македонците во метрополата на Нов Јужен Велс и пошироко. Исто така, во врска со делото „Исповед кон мајка му Љуба“ од Иван Трпоски е поместен пригоден текст од Фиданка Танасковс под наслов „ Ехото од Волино до Сиднеј Ивановата исповед мајкина“.

За промоција на друго дело на Македонец од Австралија е поместен текстот  на Славе Катин за стихозбирката „Шарени дијаманти“ од Наум Трајческим, чиј издавач е Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, а промотори беа м-р Милчо Јованоски, Мирко Томовски и Билјана Костова. кои најновата поетска збирка на Трајчески ја оценија како спој на зрелоста во годините , но и умеењето со стиховите на авторот.

Во продолжение на „Повод 74“ е даден текст за книгата на англиски јазик под наслов „Играта со името“ од Ристо Стефов од Канада, во кое, меѓу другото се вели: „Дозволете ми да бидам еден од првите, ако не и првиот што ќе каже дека „нема спор за името“! Со тоа мислам дека македонскиот народ нема проблем со името на сопствената земја, историско име кое им припаѓа и е со нив повеќе од три милениуми. Грција е таа што има проблем! Значи, тоа не е спор меѓу Македонија и Грција туку еднонасочен спор… Зошто Грција го оспорува името на Македонија?

Иато така и Виктор Бивел во текстон под наслов „Ажурирање од публикациите на Политекон“ на англиски јазик информира за поголем број дела, меѓу кои :  „Австралијанец во паралелен универзум – 16-та книга на Политекон“; „Македонска агенда“, „Изгрејсонцето на Балканот: Република Македонија“ и други,

Во продолжение на „Повод 74“ е пренесен широкиот текст под наслоц „Интервју со публицистот Славе Николовски-Катин“ од Душан Ристевски – Македон, во кој, меѓу другото е запишано дека Македонија не само што отсекогаш била на секот на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, пушки и топови, туку, во исто време во неа се вкрстувале многу различни култури. И токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една од најстарите цивилизации на светот. Затоа, со право се вели дека Македонија постоела, постои и ќе постои се‘ додека овој свет светува и векува.

315Исто така  во овој број на „Повод“ е поместено Интервјуто на македонски и на англиски јазик со Виктор Бивел преземено од „Нова Македонија“ (01.08.2025) под наслов „Духот на Илинден, на самопочитување, гордост и слобода, се’уште е многу потребен“. Во него се вели дека Виктор Бивел е Македонец од Австралија, неговото име и дело се добро познати меѓу македонската дијаспора во Австралија, како и меѓу македонските иселеници низ светот. Бивел е познат новинар, издавач, уредник и публицист. Неговиот портал „Политекон публикации“ ги афирмира македонските национални особености, но и борбата за човекови права на Македонците во Грција.

Во продолжение Александар Донски поместува текст под наслов „Македонците муслимани се наши крвни браќ и сестри“, во кој потенцира дека Македонците со исламска вероисповед денес претставуваат значителен дел од македонската нација. Овие Македонци не живеат само во Република Македонија, туку и во многу други земји. Голем дел од нив живеат во областа Гора на Косово, а повеќе десетици илјади, како македонско национално малцинство, живеат во Албанија (претежно во областа Голо Брдо). Десетици илјади Македонци муслимани живеат и во Турција и до денес мнозина од нив се свесни за своето македонско етничко потекло. Со тоа е јасно дека Македонците муслимани се составен и нераскинлив дел на денешната македонска нација.

Фиданка Танаскова, пак, го објави текстот под наслов „Милениумски богатства и убавини на Древна Македонија“ , во кој пишува: Од праисторијата, па низ сите милениуми, во древната македонска земја, постојано и се создавале и се откривале сѐ нови и нови наоди од градби, градови, села ,духовни храмови, разни предмети и што не, на копно а и под вода ширум Македонија. Тие го форматираат, го збогатуваат, надополнуваат ликот, и ја потврдуваат непобитната вистина дека нашава татковина, дедовина и мајковина ове на Балканот на југот од Европа, е со многу длабоки корени – со траен постамент на непорекливото за нејзината древност и милениумски континуитет“.

Во продолжение Гордана Димовска пишува за јазикот и националниот идентитет, при што потенцира дека јазикот и националниот идентитет делат длабока и сложена врска. Јазикот делува како моќна алатка за изразување на културните вредности, зачувување на наследството и поттикнување на колективно чувство на припадност. Јазикот игра клучна улога во зачувувањето на наследството на една нација. Тој ги носи приказните, традициите и мудроста што се пренесуваат низ генерациите. Со зачувување на јазикот, една нација го обезбедува континуитетот на своето културно наследство, зајакнувајќи го својот уникатен идентитет. Јазикот овозможува пренесување на традиционални практики, литература, народни приказни и историјата, одржувајќи ги живи и релевантни за идните генерации. Исто така, Гордана пишува и за  македонските народни поговорки.

Мена Ристевски, пак, поместува текст по наслов „Дрогата: вистински факти марихуана (канабис)“, каде нагласува дека од растението Канабис се произведуваат три различни производи. Марихуаната ги вклучува лисјата и цветните делови на женското растение и ја содржи психоактивната супстанца делта-9 тетрахидроканабинол (ТНС). Од растението канабис исто така се произведува хашиш кој е во вид на мали обоени парчиња (бојата може да биде од жолта до црна) и конопово масло. Во Австралија оваа дрога најчесто се консумира со пушење на исушените лисја и цветни пупки од растението во цигари наречени џојн или преку водно луле наречено бонг, пишува Мена Ристевска.

И на кајот на списанието „Повод 74“ е поместен текстот „Еден поет, една песна“ од Иван Трпоски кој се оденесува за Ружа Стојаноска – Наумоска и нејзина поезија. Таа е родена на 15 август 1954 год. во с. Горно Лакочереј, Охридско. Гимназија завршила во Охрид и подоцна во Битола завршила Виша техничка школа. Имигрирала во градот Квинбијан, Австралија во 1975 година каде еден период работела како учителка по македонски јазик и водител на локалната радио програма. Поезија пишува од своите училишни денови и свои песни има објавувано во „Наш свет“, „Трибина“, „Журнал“, „Јужен бран“ и др. Активно членувала во литературните друштва на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид и литературниот клуб „Стале Попов“ во Битола.

       За издавање и обично на крајот е пренесено Соопштението за издавање Зборник со поезија за Илинден и за Илинденците

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј планира да издаде Зборник со поезија посветена на Илинден и Илинденци. Заинтересираните членови се молат да испратат по електронски пат најповеќе до 5 (пет) песни со тема Илинден и Илинденци (1903 и 1944). Песните можат да бидат пишувани на македонски или англиски јазик.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Халуцинациите на СДС стануваат партиска стратегија!

СДС по стара навика, очајно бара начин како поразот да го претстави како успех.

Иселеници

Култура и туризам

News image

Свадбите во Дебарца се прават најчесто во есен по Петковден

Свадбите во Дебарца се прават најчесто во есен по Петковден, откако ќе завршат полските работи, или ...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.