Среда, 15 Октомври 2025   
БИБЛИОТЕКАТА НА ДРУШТВОТО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ЦЕНТАР ЗА ПРОМОЦИИ НА ЛИТЕРАТУРНИТЕ ПОСТИГНУВАЊА (7)

903345

Посебно треба да се одбележи значајниот датум 31 март 2018 година, кога се навршија 40 години од постоењето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое од самиот почеток покажа дека е главен фактор за промовирање на македонскиот јазик, литература, култура и нација во Австралија и кое завзеде водечка улога во разбудување свеста на Македонците дека само со почитување на својот јазик и културна позадина ќе можеме да опстоиме како нација не само во Австралија туку и во самата Македонија.

За таа јубилејна година членовите на Дрштвото изјавија дека во план имаат да се издадат повеќе наслови од членовите, Монографија од Друштвото, Архив на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови. Во таа јубилејна година, Македонската нација повторно се наде пред прагот на (себе) уништување. Поради тоа тие апелира до сите членови, дописни и почесни, да не престанат да се борат за македонскиот јазик, да не подлегнуваат на дневните политички слогани и партиски да се делат и уништуваат.

Како потврда на кажанато, на 4-ти мај 2018 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“,Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ одржа пригодна комеморација пропратена со поезија по повод 115 годишнината од смртта на идеологот за самостојна Македонија, Гоце Делчев, и 4 годишнината од смртта на писателот и литературниот критичар проф. д-р Науме Радически, кој беше почесен член на Друштвото.

За активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј беше значајно што во својата истоимена Библиотека на 8 февруари 2019 година ги одржа своите традиционални „Прличеви Беседи“.

Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик.

По повод најсветлиот ден на македонскиот нарор -  Илинден, пак, Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ во 2019 година испрати честитка до членовите на Друштвото. Во неа, меѓу другото се вели дека ние, членовите на Македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј, Австралија, ви испаќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник - двојниот Илинден.

Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин македонски јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности  не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наслетсво, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество.

Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

Исто така, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 2-ри август 2019 година во своите простории одржа поетска средба посветена на Илинден и Илинденци.

На првиот дел од програмата протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденци од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски.

На 19 октомври 2019 година, во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од програмата на Фестивалот за уметност Discovery.

Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС.

9033456

Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето.

Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот.

Исто така, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на 13 ноември 2020 година одржа комеморација за поетот Панде Манојлов долгогодишен соработник и почесен член на Друштвото „Григор Прличев“.

Поради КОВИД рестрикциите бројот на присутните беше ограничен но повеќе членови испратија пораки со сочувство за поетот и страдалник, близок соработник со МЛД – кој имаше големо срце за Дијаспората која мошне добро ја познаваше и чувствуваше.

За животот и делото на Панде Манојлов зборуваа Душан Ристевски и Иван Трпоски кој исто така ја прочита последно објавената на ФБ песна „Болеста“, а за неговата поезија зборуваше Бранко Наумовски.

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот театар“ од Сиднеј,  на 31 јули 2020 година излезе од печат монодрамското дело „Ченто“(на македонски и англиски јазик) од познатиот македонски иселеник, познат и признат поет, драматург, автор на седум стихозбирки, 5 монодрами и 13 драми,  М-р Душан Ристевски - Македон. Ова монодрамско дело е посветено на страдалникот за обединета Македонија -  Методија Андонов – Ченто

Делото „Ченто“ (на македонски и на англиски јазик)  на м-р Душан Ристевски-Македон е посветено на македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот нс САНОМ – Методија Андонов - Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија. Тоа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и Австралиско - македонскиот театар од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов.

Според зборовите на познатиот и признат македонски иселеник од Австралија, Душан Ристевски испирација за ова театарско дело му бил мотивот што: Методија Андонов – Ченто бил претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше целосно окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција и што тој бил и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во составот на југословенската федерација.

Исто така, во мај 2020 година, а  во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат книгата „Судбина во круг“ од Славица Ристеска.Славица е виден општественик и борец за македонскиот јазик и култура во Дијаспората која активно делува во македонската заедница од далечната 1988 година.

Како наставник по македонски јазик има работено во македонските саботни училишта како и во центрите за јазици во гимназиите во Бенкстеон и Когра (предградија на градот Сиднеј) каде подготвува ученици во 11-та и 12-та година за матурските испити по македонски јазик.

Повеќе години има работено за млади и нивните семејства како здравствен работник. Како општественик на доброволна основа активно била вклучена како радио уредник и водител на програмата „Пеј Македонијо“ и во активностите на македонскиот Просветно-Училишен Одбор за Нов Јужен Велс каде повеќе години завзема функција на заменик претседател.

Како член на Литературното друштво „Григор Прличев“ нејзината поезија била објавувана во неколку антологии: „Reunion“ (2003) во издание на Светскиот конгрес на поетите, „Коти на копнеж и страст“ (2003) и „Ѕуница“ (2018), обете во издание на Литературното Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа исто е член на Друштвото на новинарите на Македонија од 2002 година.

Потоа, на 5 фввруари 2021 година, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во својата библиотека одржа беседа по повод 128 годишнината од смртта на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев. За делото на поетот зборуваше поетесата Лилјана Тошеска а извадоци од поемата „Сердарот“ рецитираше поетесата Марија Александрова.

На средбата исто така се одржа пригодна комеморација за проф. д-р Стојан Ристески кој почина во Охрид на 30 јануари 2021 година. Тој беше задоен од креативниот дух на Григор Прличев, како просветен и научен работник, писател, хроничар на Охрид и голем родољуб. За животот и делото зборуваше писателот Душан Ристевски кој направи корелација на просветната дејност на Прличев со Ристески кои не само во Охрид туку и во другите градови, а и држави, го предаваа и прошируваа македонскиот јазик.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Доста беше со корупција, доста беше со лаги и злоупотреби!

Додека народот преживуваше со 150 денари на ден – Заев и неговите блиски испумпуваа милиони од држ...

Историја

News image

Римските војни со Ханибал од Картагина, Пир од Епир и Македонците

Долго по смртта на Александар III Македонски, македонската држава била целина со наследници Филип II...

Иселеници

Култура и туризам

News image

АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ЕПАРХИЈА (6)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.