|
|
| Од закочени лифтови до лажни договори за мигранти |
|
Мане Јаковлески Признанието на Мирослав Шиповиќ дека Андреј Жерновски победил за градоначалник на Скопје: „кога ние ги закочивме лифтовите и го набедивме ВМРО-ДПМНЕ“, не е анегдота од минатото, тоа е учебникарски пример за политичкиот ДНК на СДС–интрига, манипулација и свесно лажење на јавноста секогаш кога ја губат поддршката од граѓаните.
Оваа изјава, всушност, јавно потврдува дека СДС никогаш не победувал со идеи, визија или резултати, туку со креирање проблеми и фабрикување вина. Наместо решенија–саботажи. Наместо одговорност–обвинувања. Наместо вистина–добро спакувана лага. Така било тогаш, така е и денес. Тогаш ги закочуваа лифтовите за да создадат гнев кај граѓаните и потоа тој гнев вештачки да го насочат кон ВМРО-ДПМНЕ. Денес, кога веќе одамна ја немаат довербата на народот, СДС користи ист метод, само на повисоко ниво, со ширење страв, дезинформации и лажни „меѓународни договори за измислени мигранти“. Најсвеж пример е тврдењето дека Македонија наводно потпишала договор со Велика Британија за прифаќање мигранти. Без документ. Без потпис. Без официјална потврда. Но со јасна цел–да се создаде паника, да се разниша јавноста и повторно да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за нешто што не постои. Истата матрица, истиот сценарио, само алатките се поинакви. СДС и понатаму функционира како партија што живее од интриги. Кога нема политика, измислува афери. Кога нема аргументи, пушта гласини. Кога нема поддршка, произведува страв. И секогаш, по правило, виновникот е ВМРО-ДПМНЕ. Но признанието на Шиповиќ ја руши целата конструкција. Тоа покажува дека и „победата“ на Жерновски, и денешните напади со лажни договори, се дел од истата политичка технологија, лага повторена доволно пати за да личи на вистина. Само што овојпат, маските паѓаат побрзо. Граѓаните веќе го препознаваат овој образец. Тие знаат дека партија што еднаш ги закочила лифтовите за власт, денес без проблем ќе ја закочи и државата со лажни наративи, ако мисли дека така ќе преживее политички. Затоа суштинското прашање повеќе не е дали СДС лаже, туку колку долго мислат дека граѓаните ќе им веруваат на истите интриги, со ново пакување, но со стара содржина. |















