|
||||
| Среќна Нова 2026 година! |
|
Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува братска честитка до сите во нашата татковина Македонија, но и до нашите браќа и сестри во Пиринска, Егејска Македонија, во Мала Преспа, Гора и ширум дијаспората. Искрени честитки и до Уставобранителите, кои неправедно се одудени и лежат по македонските затвори. Нека новата 2026 година донесе повеќе рожби, повеќе силни и здрави семејства, повеќе правда, човечност и одговорност кај сите, од најобичниот граѓанин до оние што носат најголеми одлуки. Во новата 2026 година посакуваме да започне вистинска и искрена борба за задржување на младите, за враќање на довербата и за создавање услови луѓето да веруваат повеќе во Македонија и да се раѓаат повеќе деца. Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува длабока почит на семејствата, вистинските херои на нашето општество, тие што го носат најголемиот товар, но и најголемата надеж дека Македонија има светла иднина. Силна Македонија не се гради со предавства на националните интереси, со криминал и корупција, ниту со омраза и навреди. Силна Македонија се гради со чесна борба, со искреност, со работа и со љубов кон татковината. Македонија не е само територија, Македонија е Завет, Македонија е Аманет. Денес Македонија има посветена и одговорна влада, на чело со Христијан Мицкоски – влада со визија и волја да ја води оваа борба. Македонија има иднина, има капацитет, има знаење, има срце. Македонија има народ што знае да се исправи и да оди напред. Нека новата 2026 година донесе здравје во секој дом. Мир во секое семејство. Надеж во секое македонско срце. Среќна и благословена Нова 2026 година! |




















