|
|
| ГОРДАНА ДИМОВСКА - ПОЗНАТА И ПРИЗНАТА НАСТАВНИЧКА, ПОЕТЕСА И НОВИНАРКА |
|
ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА Гордана Димовска е една од најпознатите македонски литературни творци од Австралија. Таа пишува есеи, новинарски прилози кои се масовно прифатени и објавувани во „македонска нација“, МРТВ, „Курир“, „Народна воља“, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, потоа во весниците Денес”, како и во „Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн. Таа како Македонка е посветена на името и вистината на македонскиот јазик и е личност достојна за пример за Македонките во иселеништвото. Од патриотски побуди ги дава своите сознанија за светлите македонски битности, особено од областа на културата. Исто такатаа се вклучува во преставувањето на теми и активности во заштита на македонската вистина пред австралиската и светска јавност. Доказ за тоа е нејзиното ангажирање во организирање, спроведување и учество на поранешните демонстации, дефилеа, организирање на јавни настапи пред австралиското општество, се со цел за зачувување на уставното име на Македонија Гордана Стојчевска - Димовска, е родена во битолското село Оптичари на 20 декември 1970 година. Основно училиште завршува во Бистрица, недалеку од Битола. Уште од најрана возраст изразувала чувство и љубов кон книгата и македонскиот јазик, за подоцна да почне и да пишува најубави состави на разни теми, а со тоа и да се здобива со награди за истите. Така, како ученичка во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, почнува да пишува литературни состави за што има добиено и награди од наставничкиот колегиум, а има учество и во радио програма на Радио Битола. Од 1993 година Гордана Димовска живее и работи во Мелбурн, Австралија. Со добиените квалификации во Монаш Универзитет во Мелбурн се вработува во Викториското училиште за јазици каде континуирано предава македонски јазик од 1999 година.
Гордана е активист во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години. Членувала во повеќе македонски организации а денес е претседател на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ во Мелбурн, кое работи од 2014 година, а официјално е регистрирано 2016 година. Таа, заедно со бројни други Македонци членови на Друштвото, десетина години успешно организираат саеми на книги, литературни читања и промоции на книги, со цел да се промовира македонскиот јазик и литература во демократска и мултикултурна Австралија. Посебно место во новинарството и публицистаката има како една од уредниците на веб порталот „Македонска нација“, основач и уредник на блогот Macedonian timeline, член и на Литературното друштво “Григор Прличев” од Сиднеј а и еден од соработниците во уредувањето на литературното списание “Повод”. Објавува свои написи и во многу македонски весници: “Денес” од Мелбурн, “Нова Македонија”, СБС радио - Мелбурн. Гордана Димовска е една од уредниците на порталот „Македонска нација“, од Скопје, кој е продолжувач на „Македонска нација“ од 1971 година, а обновен во 2009 година. Таа за „Македонска нација“ пишува статии со кои ја поттикнува свеста за зачувување на македонскиот јазик, македонското име и почит кон македонската историја, особено кај македонските иселеници ширум светот. Нејзините текстови, пред се` од национален карактер, секогаш се и со известувања за активноста во Македонската заедница во Викторија и пошироко во во Австралија, текстови кои се однесуваат на проблематиката и иднината за зачувување и изучување на македонскиот јазик, потоа за љубовта кон својата родна Македонија и гордоста за својата македонска припадност. Гордана е еден од соработниците во уредувањето на литературното списание ПОВОД кое излегува двомесечно и го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа има и свој блог под наслов „Македонски времеплов“ каде редовно објавува прилози, интервјуа на македонски и англиски јазик. Гордана е долгогодишен член во „Македонската учителска асоцијација – Викторија“ и новоформираното „Здружение на наставници по македонски јазик во светот „Учиме македонски“. Гордана Димовска е автор на следните дела: „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“, (2012) (легенда, во коавторство со Ванѓелко Лозановски, издавач е “Љубители на литература, култура и наука “Св. Висарион“; „Вечна светлина над Македонија“, (2014), која содржи поезија и историски записи, а издабал „Љубители на литература, култура и наука Св.Висарион“; „Патник под ѕвезденото македонско небо“, (2016), која содржи раскази, поезија за возрасни и деца, историски записи, а издавач е Агенцијата за иселеништво на Република Македонија; потоа романот „Љубов и завет низ виорите“, 2017, во коавторство со Ванѓелко Лозаноски, а издавач “Дата песнопој”; за статиите во делото „Одблесоци од вечноста“ (2018) издавач е “2 август”, Штип.; за делото „Поетски мозаик“, (2021), поезија; и делото издавач е “Дата песнопој”, на романот „За хероината Гордана Димовска“ (2024) автор е Гордана Такец, Промоција на романот „За хероината Гордана Димовска“ (2024) чиј автор е Гордана Такец, се одржа во книжарницата Book’s house во Битола на 23 септември 2024 година во. Книга е посветена на ликот и делата, активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија. Делото е посветена на ликот и делата, како и активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија. Инаку, Во Австралија и низ светот има искрени Македонци кои жртвувајки се себе си, посветувајќи љубов, време и средства се борат за македонските светлини со денови, месеци, години, децении. Благодарение на такви доследни личности со врста македонска свест кои восхитуваат, охрабруваат и импресионираат со македонски КОД е Гордана. Гордана Димовска се јавува како литературен творец исто така како есеист, научник, публицист и новинар. Нејзините литературни состави со неизмерна љубов ги кити за родното поднебје и огништето. Пишува и за борците и националните празници. Таа со силината на зборот и мудроста проткаена низ нејзините новинарски, научни и литературни дела храбро се бори за Македонија. Со посветеноста на делата за Македонија ја брани и воспева, будно и успешно се бори за откривање на вистината. Нејзините активности во областа на културата и литературата продолжуваат и со основањето на МЛД “Кочо Рацин” Мелбурн во 2016 година, преку кои активности постојано го помовираат македонското литературно творештво и јазик. Гордана Димовска е добитник на бројни признанија и награди. Така, на традиционалниот награден конкурс за „Прличевата награда за 2015 година“ во организација на Македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј, таа е добитник на четири награди и тоа: Прва награда за расказот на годината за возрасни „Две солзи”; Трета награда за расказот за возрасни „Калина”; Прва награда за поемата за деца „Букви” и Втора награда за расказот за деца „Подарок”. Ова преставува несомнено голем успех а и вложен труд. Исто ка Гордана Димовска во 2024 се здобива со неколку признанија од Фондацијата Димитар Димитровски – Такец: Меѓу другото, таа стана почесен член за остварувања во областа на литературата и културата; се здоби со Повелба за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската литература и нејзина афирмација во светски рамки низ нејзиниот специфичен сегмент, поезија и проза, како и доби меѓународно признание за посебен придонес во меѓународната афирмација на македонски литературни дела.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |


























