|
|
ИВАН ТРПОСКИ – АФИРМАТОР НА БИБЛИОТЕКАРСТВОТО, НОВИНАРСТВОТО И ПОЕЗИЈАТА |
ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА Во биографијата на Иван Трпоски е запишано дека тој е син на Науме и Љуба Трпоски, а е роден на 21 јуни 1942 година во село Волино, Охридско, во Македонија. Годините од раната младост ги минал во градежништво, во Кичево и Белград, а меѓувреме бил креатор во културно-забавниот живот на волинци со кои бил иницијатор за враќање на одземеното селско земјиште. Иван Трпоски е вљубеник во книгата, во пишаниот збор. Тоа чувство започнало уште од училишните клупи, a во 1974 година, кога јавно пројавувал интерес за поезија и првите детски песнички ги објавувал во списанието „Македонија“, орган на Матицата. Меѓутоа, се чини дека новинарскиот и публицистичкиот живот на Трпоски започ-нува во 1978 година, кога станал член на Литературното друштво „Григор Прличев“ кое е формирано од група вљубеници на поезијата, на чело со Душан Ристевски. Иван Трпоски е активен новинар и член во Редакцискиот одбор на списанието „Повод“, кое се уште трае. Уште со самото формирање на друштвото, членовите нашле просторија која требало да ја делат со другите заедници, па така почнала размена на книги. Секој вторник навечер членовите на друштвото се собирале и доброволно ги донирале своите книги во библиотеката, во која, временски растел бројот на книгите. А Иван Трпоски е библиотекар и архивар кој скоро половина век ја отвора и затвора вратата низ која влегуваат бројни позајмувачи на книги и не намерни гости од македонското и австралиско општество. Трпоски е вљубеник во книгата, во пишаниот збор. Во неговото педесетгодишно творештво со поезија е застапен во зборниците: „Видици“ (Сиднеј – 1984), (Скопје – 1988), „Наши патеки“ (Мелбурн – 1986), „Иселенички поетски меридијани“ (Скопје – 1997), „Охридски литературни творци од Прличев до денес“ (Охрид – 1999), „Коти на копнеж и страст“(Сиднеј – 2003), како и во антологиите на англиски јазик: „Антологија на македонската поезија“ (Сиднеј – 1997), во Австралиската антологија „Лигаво огледало“ (Бризбен – 1998), и во антологијата на 21. светски поетски конгрес „Отворени граници“ (Сиднеј – 2001) и „Реунион“ (Сиднеј – 2003). Застапен е во антологиите на „Св. Кирил и Методиј“ (Охрид – 2022), „Св. Климент и Наум“ ( Охрид – 2023), Застапен е во Алманасите на Феникс „Хероите на Македонија“ (Скопје – 2023, во алманахот на Феникс „Поезија за Македонија“ (Скопје – 2024), во алманахот на Феникс „27-ми април лето господово2017-то“ (Скопје – 2024), застапен е и во Алманахот „Творби од роднокрајни автори“ (Охрид – 2024) год. Исто така, е застапен и во енциклопедиите на Австралија (1988) и Македонија (2009). Неговиот богат опус на дела ги содржи следните збирки поезија: „Површински корења“ (Сиднеј – 1985), „Големиот брод“ (Скопје – 1988), „Оковано море“ (Сиднеј – 1988), „Преселба на запад“ (Сиднеј – 1990), поемата „Тодорка“ (Скопје – 1995), „Свитило“ (Сиднеј – 1999), „Меѓу две огништа“ (Охрид – 1999), „Немирни ветрови“ (Сиднеј – 2004), „Љубовна имагинација“ (Сиднеј – 2004), „Зад синиот бран“ (Штип – 2008), „Изгрејсонце во мојот сон“(Скопје - 2013) и на англиски (Штип – 2013); на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ (Сиднеј – 2000), и „Македонија моја татковина“ (Сиднеј – 2002). Исто така, тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ (Струга – 2004), на биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“ (Струга - 2008) и на „Македонија – не те забораваме“, (Охрид 2016), во автобиографската книга „Ова е мојот живот“ (Сиднеј – 2022). на јубилејната книга „„Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ (1978 – 2023), Прво издание (Струга – 2023) и Второ издание (Сиднеј – 2024). Учествувал со своја поезија на манифестацијата „Млада Струга“ во 1979 година и на Струшките вечери на поезија-та во 1987 и 1995 година каде настапил со своја поезија на манифестацијата „Мостови“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 година и член е на Друштвото на новинарите од Македонија од 1995 година. Тој е еден од иницијаторите за организирање на манифестацијата „Денови на македонската култура“ кои се одржаа во 1986, 1988 и 1991 година во Австралија. Членувал во Одборот за дополнителна настава по македонски јазик во училиштето „11. Октомври“ во Јагуна и во Просветно училишниот одбор за Нов Јужен Велс. Бил во управата за Македонски студии на Универзитетот Маквори, членувал во управата на КУД „Вардар“ од Бенкстеон и учесник е на многу протести каде се демонстрирало за Македонија и за македонството. Бил иницијатор и претседател на „Охридско-струшката асоцијација“ за Нов Јужен Велс. Иницијатор и претседател на „Волинските вечери“ во Волонгонг, Австралија и соработник е при издавањето на Монографијата за село Волино во 1995 година. Тој е редовен член во Австралиско-македонскиот театар во Сиднеј, Австралиско-македонската служба за добротворни работи во Сиднеј и Емигрантскиот изворен центар во регионот Свети Ѓорѓи. Наградуван е на многу конкурси за поезија и проза, но најзначајни се: „Иселеничка грамота“ – 1995 година која ја доделува Матицата на иселениците од Македонија, како дел од Струшките вечери на поезијата; награда за поезија од Интернационалната библиотека во Квинсленд во 1998 година; наградата „Македонско сонце“ за литература и култура во Сиднеј во 2004 година и наградата за најдобра поетска збирка песни на поет од иселеништвото од Советот на Струшките вечери на поезијата во 2013 година. За општествена дејност има добиено повеќе награди и признанија меѓу кои и: награда за општествена работа од Општината Кентербери (предградие на Сиднеј) во 2006 година, посебни награди добил од Комисијата за односи во заедницата на Нов Јужен Велс за доброволна работа во 2006 и 2007 година; од Советот за Австралиец на годината во 2008 година; од Општината Охрид за културни и хуманитарни врски со татковината во 2008 година и од Општината Кентербери за културни остварувања е прогласен за почесен граѓанин за 2010 година. Исто така тој е добитник на државната награда на Нов Јужен Велс за општествени и хуманитарни работи во 2010 година; државна награда за Сениор на годината за добротворна работа во заедницата во 2011 година; наградата за животно дело за работа во македонската заедница од Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон во 2011 година; награда за животно дело за неговата макотрпна работа во македонската заедница го доби и „Златното сонце“ во 2011 година; награда за животно дело и почесен член за афирмација на македонскиот јазик и култура во Австралија му додели Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во 2013 година; а е носител на награда за учество во програмата на 40-те Преспански иселенички средби во Љубојно во 2013 година. Исто така Трпоски ја доби наградата за хуманитарна помош и афирмација на родното село која му ја додели Месната заедница од Волино, во 2013 година, и награда за соработка со радиопрограма „Скидро“ од Сиднеј во 2015 година. Тој е добитник на наградата за соработка и афирмација на македонскиот јазик во Австралија од библиотеката НУ „Гигор Прличев“ во Охрид во 2023, државната нагрдада за општествена доброволна работа во регионот Св. Ѓорѓи од премиерката на НЈВ Гладис Бериџиклијан2018, наградата медал за заслуги за Македонија од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во 2016 и наградата – трофеј за 50 годишно членство во Рагбијашкиот клуб „Кентербери – Булдогс“ 2024 год. Делото на Иван Трпоски „Македонија – не те забораваме“, од 2016 година е последно дело, но не и последно во неговиот творечки опус. Тоа е печатено на цели 270 страници на луксузна хартија и претставува своевидно сведоштво за поминатите години од младоста и животот на илјадници Македонци кои како него стапнале на австралискиот континент и таму започнале нов живот. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |