Среда, 24 Септември 2025   
ЃОРЃИ НАНО – ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ДОСЕЛЕНИЦИ ВО АВСТРАЛИЈА

13 copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

При престојот во Австралија го посетивме Квинбијан, мало гратче сместено во непосредна близина на престолнината Канбера. Тоа е место во кое се изградени бројни мотели од кои десетина беа сопственост на Македонци, а коишто служеа за потребите на посетителите, дипломатите и државната администрација сместена во главниот град. На тие простори, една година пред Канбера да стане престолнина во Австралија, во 1927 година се доселила првата група Македонци од Леринско и од Костурско, особено од селата Трсје и Статица. Меѓу нив беше и тогаш 93-годишниот доблесен патриот и донатор, иселеникот Ѓорѓи Нано, кој поради своите патриотски активности, љубов, поврзаност кон црквата и вистината за Македонија, почесно ја доби титулата „војвода“.

Во Сојузната територија што се наоѓа во рамките на државата Нов Јужен Велс, во Квинбијан ја посетивме црквата „Свети пророк Илија“. Таа е една од првите македонски цркви во Австралија која е осветена уште во 1960 година и која е значаен црковен, национален, просветен и културен центар. При нашата посета во црквата го сретнавме Крсте Блажески, долгогодишен иселеник по потекло од рибарското село Пештани, што се наоѓа на брегот на Охридското Езеро. Тој беше љубезен и ни го покажа црковниот храм кој се реновираше.

На неколку стотини метри оддалеченост од црквата „Свети Илија“ се наоѓаше домот на чичко Ѓорѓи Нано. Тоа беше пријатно македонско катче кое во минатото го посетувале голем број намерници и гости, а потоа го заборавиле, дури и тогашните црковни великодостојници. Ние  со задоволство и љубопитство го посетивме домот на овој благороден старец заедно со Кире Циревски и Тоде Кабровски и го најдовме овој честит Македонец со блага насмевка на лицето како седи во фотелјата и слуша музика од фолк-фестивалот „Канбера 91“, видеолента која, како што рече, го враќа во родната Македонија.

Останавме подолго време за да разговараме со чичко Ѓорѓи и, покрај неговата долга старост, разговаравме за многу работи од неговиот живот. Инаку, авторот на овие редови го познава овој иселеник од пред 20-тина година кога чичко Ѓорѓи Нано, по 43-годишен престој во Австралија, за првпат стапнал во Македонија и кога изразил желба да го посети неговото село Трсје, Леринско.

За жал, и покрај тоа што тој беше австралиски државјанин, на еден груб начин беше одбиен од грчките власти и вратен од границата назад по железничката пруга кон Битола. Сликата да биде уште потажна, при враќањето во едната рака го носеше куферот, а во другата бело марамче, бил вратен пред самата граница без да го види родното село кое го носел во своите мисли и без да ги посети гробовите на своите предци.

Ѓорѓи Нано е роден во 1809 година во селото Трсје, во Беломорска Македонија. Потекнува од македонско семејство, чиј татко бил комита во четата на Ѕале. Меѓутоа, поради економски причини, уште во 1926 година заминал на печалба во Австралија, каде заедно со својата сопруга Јана, која починала во 1984 година, бил еден од оние Македонци кои целиот свој живот го посветил на афирмацијата за вистината за Македонија. Така, при една пригода, тој ќе рече: „Роден сум во турско, Турчин не станав, од мене сакаа да направат Грк, но и Грк не станав. Се родив и ќе умрам како Македонец“.

Ова се пренесувало меѓу неговото семејство: синовите Коста и Петре и ќерката Лена, како и меѓу многубројните внуци и правнуци кои живеат во непосредна близина на неговиот дом.

Инаку, Ѓорѓи Нано е основоположник и донатор на МПЦ „Свети Пророк Илија“ и има најмногу заслуги за купувањето на храмот во кој тој и неговото семејство посветиле многу време, труд и средства во текот на изминатиот период. Тоа е тажната сторија за војводата Ѓорѓи Нано, за еден од многумина македонски печалбари од Македонија кои го напуштиле својот роден крај и кои судбината ги однела по белиот свет, по парче печалбарски леб и по свое место под сонцето.

Се знае дека меѓу првите доселеници во Австралија биле и Македонци од егејскиот дел на Македонија кои пристигнале уште во 1926 година. Меѓутоа, активностите кај македонските доселеници на тие простори почнале дури по Втората светска војна во 1947 година кога е формиран разгранокот „Млад Гоче“ на „Македонско-австралискиот народен сојуз“ (МАНС). Меѓу првите активисти биле: Коста Пандов, Коте Димитров, Филип Руков, Ѓорѓи Дуров, Ѓорѓи Нано, Коце Кулеја и други. Оваа група иселеници, според пишувањето на весникот „Македонска искра“, во текот на 1948 година, на средбата на која учествувале и учесниците во Илинденското востание 1903 година, војводите Коста Панов и Васил Атанасов, двајцата од Леринско биле активни учесници во собирањето материјални средства за изградба на Болницата во Скопје. 

Еден од најзначајните датуми за историјата на црквата „Свети Илија“ и за Македонците од Квинбијан и Канбера е, секако, 20 април 1969 година – осветувањето на храмот, ден што се претвори во големо славје и неизмерна радост. Црквата била осветена од надлежен архијереј, митрополитот Кирил, заедно со митрополитот  Методи, свештениците Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ) и Методија Лазаревски а во присуство на бројни иселеници, посетители, тогашниот амбасадор на Југославија - Гојко Секуловски, претставници на градот на Католичката и Презвитеранската  црква, високи претставници на Министерството за емиграција на Австралија и други лица.

Инаку, првата црковната зграда била изградена во 1972 година, и, како споменик на културата, била заштитена со австралиските закони. Во последните години црковниот храм е нов, преуреден, до него е изградена голема сала и други простории и претставува значаен македонско-црковен, културен и национален центар за Македонците кои живеат во Квинбијан и околните места.

Големи заслуги во историскиот развој на овој македонски духовен и национален дом има свештеникот Наум Деспотовски, кој го уредуваше и македонскиот радиочас. Исто така, придонесот е многу голем  на долгогодишниот претседател и истакнат општественик и бизнисмен Симо Танески, потоа Трпе Нанов, Љубе Колевски, Јордан Галев, Илија Петроски, Славе Блажевски, Јордан Постоловски, Стево Ташковски и многу други истакнати иселеници од почнувањето до денес.

Се претпоставува дека во Канбера и во Квинбијан живеат околу пет илјади Македонци, меѓу кои покрај доселениците од Леринско и Костурско, има и од Охридско, особено од Дебрца, од Битолско, од Преспа и од други места на етничка Македонија. Затоа, како резултат на бројноста на македонските доселеници во Канбера се јави потреба да се гради и втора македонска православна црква во главниот град, по црквата „Свети Илија“ во Квинбијан. Така, во 1982 година се формира Одбор за изградба на македонската православна црковна општина што го доби името на македонскиот просветител „Свети Климент Охридски“ во Канбера. Иницијатори за таа идеја, покрај другите беа: истакнатите иселеници од македонско потекло: Симо Танески, Наум Деспотовски, Власе Николовски, Боб Спасеновски, Коста Мазенко  и многу други.

Катедралната црква „Свети Климент Охридски“ од Канбера, по многу нешта е единствена и значаен сакрален објект на петтиот континент. Таа е сместена во средината на една височинка во квартот „Ред Хил“ (Црвен рид), односно ридот „Нарабанда“ наречен со домородниот речник на Абориџаните. Тој дел каде е изградена црквата „Свети Климент Охридски“ е едно од најелитните места.

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити про

  Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети.

Историја

News image

Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска, односно македонска

Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска односно македонска (бидејќи јадрото на др...

Иселеници

News image

ЈУБИЛЕЈНА ПРОСЛАВА НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО СИДНЕЈ (4)

Во петок, 12 април 2013 година, во Сиднеј на свечен начи...

Култура и туризам

News image

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ – ЧЕТВРТИОТ ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА – ДЕЛ III (3)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

News image

ЃОРЃИ НАНО – ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ДОСЕЛЕНИЦИ ВО АВСТРАЛИЈА

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.