Среда, 03 Септември 2025   
СТОЈАН СРБИНОВ – БОРЕЦ ЗА МАКЕДОНСКАТА ПРАВДА ВО АВСТРАЛИЈА

511

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Стојан Србинов бил роден во селото Буф, Леринско, а поголемиот дел од животот го поминал во Австралија, борејќи се за македонската кауза, за сè она што значи афирмација на Македонците. Тој се борел за  нивно национално и културно презентирање во новите средини во Австралија. Стојан бил еден од првите иницијатори за изградба на македонската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн, а покренал и голем број весници, билтени и други гласила, меѓу кои и „Македонска искра“, првиот весник на македонски јазик во Австралија и воопшто во иселеништвото. Во исто време, тој бил и редовен соработник од петтиот континент на весникот „Македонија“ во Торонто.

Домот на Стојан Србинов се наоѓаше во еден убав и раскошен дел на Мелбурн. Куќата беше на два ката со средена македонска градина. Посетата на домот на овој наш истакнат иселеник ја организиравме со Андреа Бранов кој, всушност, е внук на Стојан. Во куќата беше само неговата сопруга Фанија која љубезно нè пречека. Подолг период разговаравме за нејзиниот покоен сопруг, за минатото, успесите и падовите во животот, за сè што таа знаеше за него и неговите активности.

Таму имавме можност да видиме дел од оставината на книги, весници, документи и други материјали, за кои дадовме предлог да бидат пренесени во Архивот на суверена и самостојна Македонија, каде што ќе бидат заштитени, зачувани и пристапни за македонските научници. Притоа, би се формирала архивска фондација „Стојан Србинов“ и вечно ќе се споменува неговото име. Таков е случајот со архивата на Спиро Василев од Торонто, Фондацијата „Катин“ на авторот на овие редови, како и други граѓани што имале значајни архиви и ги подариле на постојано чување на Архивот, кој му посветува сериозно внимание за научните истражувања во Бугарија, Турција, Русија и Албанија, како и во   други земји.

Во Мелбурн, исто така, се сретнавме и разговаравме со многу претставници на македонски православни цркви и друштва, асоцијации, информативни гласила и истакнати иселеници, меѓу кои Ристо Алтин, активист и соработник на Стојан Србинов, Милош Панов, претседател на МПЦО „Свети Никола“, со бизнисменот Алек Клашов од Буф, поранешен сопственик на една од најголемите фабрики за сокови во Австралија, „Патра“, како и еден од донаторите и претседателите на фудбалскиот клуб „Македонија – Престон“, а чиј брат Симе (Сем) Клашев живее во Хамилтон, Онтарио.

Се сретнавме и со старите познаници: познатиот лингвист, преведувач и македонист, Џим Томев, со д-р Крис Поповски, Ацо Талевски од Комитетот за човекови права, со голем број членови од Организацијата за социјални и етнички прашања, „Александар и Делчев“ и од Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ што официјално ја отвори авторот на овој текст, како претставник на Владата на Република Македонија.

Потоа се сретнав и разговарав со Танас Крлевски од Одборот на децата - бегалци од Егејска Македонија, со Арменчанецот Кочо Крушората, претседател на Друштвото на пензионерите, со членови на литературното друштво „Браќа Миладиновци“, на Македонско - австралиската театарска група, фолклористи, новинари, интелектуалци...

Како и со семејствата на мои познати и роднини од детството од Преспа што ми причини посебно задоволство, меѓу кои Петре Петревски, одмерен и трудољубив, Јонче Петревски, поранешен претседател на МПЦО „Свети Никола“ во Престон и со Славе Милевски, сите од Љубојно.

Меѓутоа, посебен впечаток со своето гостопримство, топлина и благодарност ми остави семејството на Гоче и Кита Грпчеви. Добродушната Кита е од селото Битуша, Леринско, а Гоче од селото Наколец, Преспа. Карактеристика за четирите браќа Грпчеви е чиста македонска: Јосиф е во Македонија, покојниот Коле живееше во Војводина, Славе судбината го однесе во Торонто, а, ете, Гоче живеше во Австралија. Таква е македонската трагедија: животот, условите и поделбите го натерале Македонецот да свие гнездо насекаде во светот, но вечно да биде врзан со дедовската земја – Македонија

Името и делото на Стојан Србинов е тесно врзано со информативните гласила на петтиот континент. Тоа е од причини што македонските медиуми во Австралија ги изразуваат културните активности и животот во македонските етнички заедници, ги презентираат целокупните новинарски и општествено-политички активности, го презентираат напредокот на македонската држава — Република Македонија, а во извесна мера служат и како бариера на туѓите пропаганди врз македонските иселеници.

Едно од најзначајните македонски информативни гласила во Австралија беше весникот „Македонска искра(1946-1957), првиот македонски иселенички весник во Австралија и воопшто кај македонското иселеништво во прекуокеанските земји. Тој започна да се печати на 11 Октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност. Тој беше весник на организацијата Македонско-австралиски народен сојуз (МАНС).

Прв уредник на „Македонска искра беше Ило Малков, 23-годишен студент, иселеник од селото Шестево, Костурско, на кого што голема помош во уредувањето му укажа Кирил Ангелков. Уште во првите броеви на излегувањето работеше и Стојан Србинов, кој подоцна стана уредник на весникот и најмногу има направено за неговото печатење. Покрај нив, уредници на весникот или во редакцискиот одбор биле уште Васил Бошков, Дане Трпков и Ванчо Неделковски, а меѓу поактивните соработници и дописници се јавуваат Никола Трсјански, Крсто Пазов, Никола Караџов и други.

Со решение на Четвртата конференција на МАНС, одржана во Мелбурн од 2 до 4 август 1948 година, весникот почна да излегува во Мелбурн. Првиот број во Мелбурн (бр. 6)  се појави во октомври 1952 година, чиј уредник беше Дане Трпкоов, а подоцна Стојан Србинов стана душата на ова прво македонско гласило.

Исто така, за весникот „Народен глас” (1962-1963) чиј издавач е наведен Алек Раковитис, познат како активист на МАНС во Мелбурн, иницијативата ја повел и работата фактички ја водеше Стојан Србинов. Весникот се печатеше на латиница, освен насловот кој е со кирилица. „Народен глас” се претставуваше (во поднасловот на англиски и на македонски јазик) како „единствен словенонмакедонски социјален и трговски весник во Австралија”.

Еден од првите броеви е посветен на Гоце Делчев и Јане Сандански, а во продолжение се дадени материјали и информации за Велигден, за св. Кирил и Методиј, за Први мај, за животот на Македонците, некролози и куси информации. Истој така е поместен преземен текст од весникот „Борец од Прага кој се печатеше на македонски јазик, а се однесува на животот на една Македонка од село Шестево, Костурско

Името на Стојан Србинов е тесно поврзано и со весникот „Глас на егејските Македонци“, кое се печатеше во 1986 и 1987 година. Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: „Весникот е повремена публикација, а има за цел да ја информира јавноста и македонската заедница со настаните околу македонските организации и нивната борба за добивање човечки и национални права за Македонците од Егејска Македонија во сегашните граници на Грција”.

Потписник на воведот е Австралискиот поткомитет за македонски човечки права. Весникот го уредил Одбор во состав: Џон Нитсон, Стојан Србинов и Бил Коциос, а Филип Антон е технички уредник.

slavek 1 copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Душан Стојановиќ, светски признат инвеститор и „бизнис ангел“ чиј корен длабоко е врежан во с. Зубовце-Гостиварско

Зубовце имаше чест и гордост да пречека еден од своите најуспешни потомци – Душан Стојановиќ, свет...

Историја

News image

АНДОН ЌОСЕТО МУ ЈА ПРАЌА ТЕЛЕГРАМА ДО ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

  ТЕЛЕГРАМА ОД 09-06-1948 ГОДИНА АНДОН ЌОСЕТО ОД ГОРНА ЏУМАЈА ДЕНЕШЕН ...

Култура и туризам

News image

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ – ЧЕТВРТИОТ ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА – ДЕЛ I (1)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

News image

ПЕТАР БОЖАНИН – БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКА ВИСТИНА ВО АВСТРАЛИЈА

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.