Среда, 30 Јули 2025   
БИЛ КЛЕЧОВ - БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ЕДИНСТВО (31)

190

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

 Малкумина од македонските иселеници во Торонто не го познаваа Бил (Васил) Клечов, веројатно од најновата македонска иселеничка генерација, бидејќи тој осумдесетгодишен витален старец повеќе можел да се види во Канадско - македонскиот центар, во Старскиот дом, а помалку на други манифестации, кои во минатото не можеле да се замислат без неговото присуство.

Во Мисисага, на денот кога се креваше новото знаме на Република Македонија, го сретнавме и разговаравме со Бил Клечов. Тој е познат и признат иселеник, поранешен успешен бизнисмен, а денес пензионер, но сè уште дружељубив, ведар по дух и, се рабира, со чиста македонска душа. Средба срдечна, пријателска и другарска меѓу двајца познати и пријатели од пред повеќе од дваесет години.

Разговаравме за минатото, сегашноста и иднината, за прашањата и проблемите сврзани со Македонија, со македонскиот народ и воопшто за македонското иселеништво, кое во последните две децении бележи видни резултати во бизнисот, културното и општественото живеење во новите средини.

Бил Клечов е роден во 1912 година во селото Смрдеш – во Беломорска Македонија, каде што останал до петанесеттата година. Поради настанатата општествено-политичка ситуација на тој дел од распарчената Македонија, Бил почнал да оди на училиште и да учи на грчки јазик. Меѓутоа, неговиот учител Ставро им зборувал македонски и често им кажувал дека тие не се Грци, за што Бил живо се сеќава, зашто и тој самиот често го прашувал учителот за нивната национална припадност. Тој бил одличен ученик, но, во исто време, и еден од немирните души со бунтовнички дух.

Според пишаните документи, Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија со 573 жители (2001). Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од град Лерин и на 38 километри северозападно од Костур, во подножјето на планината Корбец во областа Корешта. Смрдеш е на три километри од грчко-албанската граница.

Според месни преданија почетното место на селото било во месноста Селиштето, но по голема чума било изградено на новото место. Селото се споменува за прв пат во османски дефтер од 1530 година под името Исмирдеш со 53 домаќинства. По 1900 година жителите на селото, заедно со жителите на село Дмбени играат водечка улога во борбите на ВМОРО.

На 8 спрема 9 мај 1903 година редовна турска војска го напаѓа селото. Причина за тоа е, дека пред повеќе од месец во селото е видена четата на Борис Сарафов. 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца) се убиени, 300 куќи се изгорени, заедно со 2 училишта и 19 дуќани. 50 души се ранети, силувани се 35 жени. 1500 души остануваат без покрив. Во 1903 година учителка во селото е Викторија Михајлова од Прилеп. За време на Илинденското востание селото одново е ограбено, мнозина негови жители се претепани, а на други им се отсечени ушите.

Во тоа време, неговиот татко Димитар, пак, бил на печалба во Канада, каде што и починал, а кој му овомзможил на Бил да има поубаво детство од многу врсници во селото. Во 1928 година, во тешките услови за Македонците под чизмата на Венизелас, тој заминал во Бугарија кај своите роднини, каде што останал две години.

- Го фрлив пасошот и другите грчки документи во една нива и се пријавив како бегалец за да одам во Канада кај својот татко, - ни рече Бил во разговорот и продолжи: „Во Торонто пристигнав во 1930 година како ерген и веднаш започнав да работам во ресторани, каде што го научив занаетот за подоцна да станам сопственик на „Ситир грил“, а подоцна и на „Пајлот таверн“, ресторан што беше во центарот на Торонто, на „Јанг и Блур“ и еден од поексклузивните што ние Македонците ги имавме во седумдесеттите години.

Тоа беше место на средби и разделби на многу намерници од сите делови на светот, а особено на моите драги гости што доаѓаа од Република Македонија. Се оженив во Торонто за тукашна мома, а децата, и покрај тоа што се родени во Канада, сепак и во нив тлее македонското жарче,“ ни рече на средбата Бил Клечов.

Овој доблесен патриот и честит Канаѓанец од македонско потекло во времето пред и по Втората светска војна духовно припаѓаше на прогресивната група Македонци кои се бореа за самостојни македонски организации и црковни општини. Така, при повторната средба во Канадско-македонскиот центар, во Клубот на пензионерите, во долгиот разовор ни рече:

„Кога бев во Бугарија, во тоа време Македонците си беа Македонци, а Бугарите – Бугари, а во Македонија Македонците си беа Македонци. Кога дојдов во Канада, многумина се кажуваа Бугаро-Македонци. Од каде дојдоа, јас навистина не знам! Но, ете, грешката се исправи и денес имаме свои македонски домови, организации, цркви, друштва, училишта итн. Еве, во овој Канадско-македонски дом ние, пензионерите, се чувствуваме пријатно, зборуваме македонски, слушаме македонска музика, читаме наши и англиски весници и се приспособуваме на тукашните услови, каде што веројатно повеќето од нас ќе го одберат и вечниот дом. Животот е добар и на пензионерите во Канада, во оваа наша втора татковина, на која ù благодариме, што особено за нас од Беломорската Македонија, кои не ги уживавме основните човечки права во родната земја, тука ни се пружени сите услови и сме рамноправни со другите нации.“

Инаку, бил Клечов е еден од основоположниците на националната организација „Обединети Македонци“, формирана во далечната 1959 година, во која бил во раководните тела и секогаш бил еден од првите донатори и помагачи на активностите што ги организираа македонските доселеници. Со изградбата, пак, на МПЦ „Св. Климент Охридски“, Бил стана активен член во управата и значајна фигура во целокупното живеење и активностите што се одржуваат во овој период од триесетина години. Неговото име и дело се запишани со големи букви во аналите на македонските доселеници во Торонто и претставуваат убав пример и патоказ на младите генерации.    

Крај

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

28 септември ќе биде осветена црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ во Скопје

Со Божја милост и промисла, по 13 години заврши изградбата на црквата „Свети рамноапостоли Констан...

Историја

News image

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886 годи...

Иселеници

News image

НАГРАДИ НА ЛИТЕРАТУРНИ ПОЕТСКИ, ПРОЗНИ И ДЕТСКИ ТВОРБИ (3)

Еден од значајните датум за Друштвото е 12 април 2013 го...

Култура и туризам

News image

Македонски народни благослови

Аирлија. Аирлија пазар. Аерлија работа ( и – Ерлија работа) Аир и бериќет да имаш синко. Аирлија...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.