|
|
Кога лицемерието на СДС зборува за правда! |
Мане Јаковлески Во политика, како и во животот, има моменти кога тишината зборува повеќе од зборовите. Но има и моменти кога не можеш да останеш нем, кога лицемерието станува толку гласно, што мора да му се одговори. Таков е моментот денес, Филипче претседателот на СДС се обидува повторно да ја замачка вистината, тврдејќи дека секогаш, „биле повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост“. Да беше така, Македонија денес ќе беше држава во која секој млад човек би имал шанса да успее, а не држава од која млади, лекари, инженери и работници си заминуваат со билет во еден правец. Да беше така, немаше да имаме уништено здравство, уништени институции и распаднати вредности. Каде беше „еднаквоста“ кога фирмите блиски до власта добиваа тендери од милиони евра за маски, компјутери и патишта кои никогаш не се завршија? Каде беше „слободата“ кога ја прифатија најпонижувачката форма на бугарскиот диктат, нарекувајќи го „договор за добрососедство“? Не, тоа не беше движење за правда и еднаквост, тоа беше режим на привилегирани, систем во кој партиската книшка вредеше повеќе од знаењето, трудот и чесноста. Тие што денес зборуваат за „држава-дом за сите“, ја претворија Македонија во дом само за своите блиски, додека обичниот народ се бореше за достоинствен живот. Но времињата се менуваат. Народот повеќе не верува во слатки зборови и празни ветувања. Македонецот научи да препознае што е вистинска борба за правда и што е политичка фарса. Денес, Македонија има потреба од нова енергија, од луѓе кои не живеат од минатото, туку се борат за иднината. Од движење што навистина ќе ја направи државата дом за сите, со дела, не со лаги и пароли. Затоа, кога тие зборуваат за правда, граѓаните имаат право да прашаат: Каде беше таа правда сите овие години? Кога тие од СДС зборуваат за еднаквост, ние треба да ги потсетиме: Еднаквост не значи сите да бидат сиромашни освен партиската елита. Македонија заслужува повеќе. Заслужува луѓе што ја сакаат, а не ја користат. Заслужува лидери што служат, а не владеат. И токму затоа, времето на лицемерието од СДС завршува, започнува времето на вистината, правдата и народната волја. Тоа народот ќе им го каже на локалните избори многу наскоро! Зарем некој сеуште верува дека во СДСМ има нешто патриотско? Затоа е важно на 19 октомври да заокружиме 9 за да победи Македонија. |