|
|
Зоран Заев во македонската политика – никогаш повеќе! |
Зоран Заев, поранешен премиер и лидер на СДС, повторно се обидува да ја наметне сликата на „морален спасител“, иако зад себе остави политичка пустош, држава сменето име и идентитет, поделен народ и држава во длабоки долгови. Кога човекот што ја задолжи државата, ја продаде националната гордост и го уништи економскиот систем се појавува да зборува за чесност, тогаш знаеме дека лицемерието во политиката ја достигнало својата кулминација. Само неколку Афери кои ја обележаа неговата власт Поткуп – барање мито од 160.000 евра за легализација на земјиште во Струмица; заврши без вистинска правна одговорност. Глобал (Струмица) – фирма во сопственост на семејството Заеви добива јавни тендери и поддршка додека тој е градоначалник и потоа премиер. Рекет – најголемата афера во поновата историја, во која блиски луѓе до Заев уценуваа бизнисмени со милиони евра под „заштита“ на СЈО. Марихуана за привилегираните – легализација на канабис со дозволи дадени на партиски спонзори и роднини. Модуларната болница во Тетово – трагедија со 14 жртви и сомнителен тендер за фирма блиска до власта. Енергетски договори и Турски тек – милионски зделки склучувани без јавни конкурси, со посредници блиски до партијата. Пазар со правдата – селективна правда, притисоци врз обвинителството и политички договори зад затворени врати. Бугарскиот договор – национално понижување и уцена со македонскиот идентитет. Дубаи и офшор капитал – медиумски истражувања за луксузен имот и финансиски траги на пари изнесени преку посреднички фирми. Семејни фирми во државни зделки – системска клиентела и злоупотреба на јавните ресурси во интерес на блиски лица. Под паролата „Живот за сите“ во негово време на владеење, Македонија доби: -Раст на јавниот долг, -Масовно иселување на млади, -Корупција во секој сектор, -Понижување на државните институции -Национален идентитет ставен под прашање,... Народот остана со празни ветувања, додека привилегираните околу Заев си набавија глисери, мотори, изградија згради и хациенди далеку од реалноста на македонскиот граѓанин. Зоран Заев ќе остане во историјата како политичар кој ја злоупотреби довербата на народот и ја претвори државата во експериментален терен за личен и негови блиски профит и странски интереси. Неговиот „живот за сите“ се претвори во живот за малкумина на грбот на сите други. Македонија веќе ја научи најтешката, но највредна лекција: Зоран Заев во македонската политика – никогаш повеќе! |