|
|
| На 2 ноември Македонија ќе победи! |
|
Мане Јаковлески На 2 ноември Македонија ќе ја запише една од најсветлите страници во својата современа историја. 2 ноември ќе биде денот кога народот ќе покаже дека никој не може да му го земе правото сам да одлучува за својата судбина. 2 ноември нема да биде само ден на избори, туку ден на победа против неправдите, лагите и понижувањата што премногу долго нè гушеа. На 2 ноември со заокружување на бројот 9, ќе победи Македонија што некои се обидоа да ја понижат, но која повторно се крева, посилна од кога било! На 2 ноември ќе победи вербата дека чесноста, трудот и љубовта кон народот можат да ја победат лагата, корупцијата и неправдата. Оваа победа ќе биде резултат на чесната работа, на посветеноста и на одговорноста што последниве години повторно се вратија во институциите. Оваа победа ќе биде резултат на четиригодишното чесно работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои покажаа дека Македонија може да се обнови со труд и одговорност.
Оваа победа ќе биде победа на сите во Македонија, без разлика на вера или нација. Оваа победа ќе биде победа на мајките што со солзи ги испраќаа децата во туѓина, но сега повторно гледаат надеж. Оваа победа ќе биде победа на младите што сакаат да останат, да градат и да создаваат тука, во својата земја, во Македонија. Оваа победа ќе биде победа и за македонската дијаспора, кои со љубов, гордост и вера ја промовираат и ја поддржуваат својата земја. Македонците, каде и да се, ќе слават победа за Македонија! Оваа победа ќе биде победа на сите што со гордост велат: „Јас сум од Македонија!“ На 2 ноември, народот во Македонија ќе покаже дека не може да се продаде, ниту понижи, ќе покаже дека знае да се обедини кога е најтешко и да ја брани својата иднина со срце и љубов. Бројот 9 овој пат не е само број, тоа е знак на победа, обединување и надеж. Тоа е симбол на една нова Македонија што стои исправена, со глава високо крената и со поглед кон иднината. Затоа, на 2 ноември да излеземе масовно! Да покажеме дека народот е над сè, дека нашата заедничка Македонија е вечна, и дека ниту една сила не може да го победи единството и љубовта кон татковината! Ова е денот кога победува, обединета, горда и непокорна Македонија! |













