Среда, 23 Јуни 2010    Печати
Протест во Солун со македонски знамиња
protest-solun-makedonski-znaminja
Навивачите на фудбалски клуб Ираклис од Солун со македонски знамиња го изразија својот протест поради одземената лиценца за настап во Суперлигата на Грција. Дел од нив на завчерашните демонстрации во Солун побараа еден од најстарите клубови во земјата, основан во 1908 година, во знак на револт да се пријави за настап во првенството на Македонија. За ова се отвори жестока полемика на „Фејсбук“, во која приврзаниците на таа идеја го ставија македонското државно знаме на своите постови. Навивачите на Ираклис најавија протести за денеска и во Атина. На фотографијата со стрелки се обележани македонските знамиња.