Навивачите на фудбалски клуб Ираклис од Солун со македонски знамиња го изразија својот протест поради одземената лиценца за настап во Суперлигата на Грција. Дел од нив на завчерашните демонстрации во Солун побараа еден од најстарите клубови во земјата, основан во 1908 година, во знак на револт да се пријави за настап во првенството на Македонија. За ова се отвори жестока полемика на „Фејсбук“, во која приврзаниците на таа идеја го ставија македонското државно знаме на своите постови. Навивачите на Ираклис најавија протести за денеска и во Атина. На фотографијата со стрелки се обележани македонските знамиња. |