Недела, 26 Октомври 2025    Печати
27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

                                                                                92 copy                     Честит Петковден на сите што го слават!

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води.

Во многу домови во Македонија Петковден е куќна слава, се чекаат гости и е ден што не е само празник, туку благослов. Ден кога срцето се отвора, кандилото и свеќата се палат, а душата се полни со мир и благодарност.

Во секоја куќа каде што се слави Петковден, има нешто свето и старо, нешто што се пренесува од колено на колено. Не е тоа само обичај, тоа е завет. Завет дека ќе ја чуваме верата, семејството и Македонија, како што нашите предци ја чувале под тешки времиња и големи страдања.

Кога ќе го прекршиме лебот, да помислиме на сите што не се повеќе меѓу нас, но останале во молитвите и спомените. Да се сетиме на мајчината рака што го палеше кандилото и свеќата, на таткото што со гордост го кажуваше благословот за здравје на сите домашни и пријатели и на детскиот смев во домот, знак дека животот продолжува во куќата.

sveta-petka-1

Света Петка е симбол на тивката сила на жената, на трпението и на надежта. Таа е патоказ дека дури и кога животот е тежок, не смееме да ја изгубиме вербата во доброто.

Секој Петковден не потсетува, дека не сме сами, Бог и Света Петкса се покрај нас и со сите што ги љубиме.

Во денешно време, кога многумина забораваат на традицијата и духовноста, куќната слава е нашиот тивок отпор. Тоа е нашиот начин да кажеме: ние не се откажуваме од своето, од верата, од чесноста и од семејството.

Затоа, кога ќе го запалиме кандилото и свеќата за Света Петка, да се помолиме за здравје на сите Нас, за мир во домовите и за благослов на Македонија. Да имаме сила да ги чуваме старите вредности и срце да градиме нови.

Нека Света Петка Ни донесе здравје, љубов и топлина во секој дом, а нашата Македонија нека ја благослови со сплотеност и светлина.

АМИН!

(Народна песна)

Света Петка низ рај шета

Света Петка низ рај шета,
ми ги фати двете раце,


Света Петка по рај шета,
ми ги фати двете нозе.


Света Петка по рај шета,
ми ги ослепе двете очи.


Па ме фати за десна рака,
ме одведе посветена црква,
ми ги пушти мене двете раци.


Ме одведе посветен манастир,
ми ги пушти двете нози.


Ме одведе на посветен камен,
Ми ја пушти мојата сила.


Ме одведе посветена вода,
Ми ги изми двете очи.

11-MN copy copy