|
||||
| 27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува! |
|
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Во многу домови во Македонија Петковден е куќна слава, се чекаат гости и е ден што не е само празник, туку благослов. Ден кога срцето се отвора, кандилото и свеќата се палат, а душата се полни со мир и благодарност. Во секоја куќа каде што се слави Петковден, има нешто свето и старо, нешто што се пренесува од колено на колено. Не е тоа само обичај, тоа е завет. Завет дека ќе ја чуваме верата, семејството и Македонија, како што нашите предци ја чувале под тешки времиња и големи страдања. Кога ќе го прекршиме лебот, да помислиме на сите што не се повеќе меѓу нас, но останале во молитвите и спомените. Да се сетиме на мајчината рака што го палеше кандилото и свеќата, на таткото што со гордост го кажуваше благословот за здравје на сите домашни и пријатели и на детскиот смев во домот, знак дека животот продолжува во куќата.
Света Петка е симбол на тивката сила на жената, на трпението и на надежта. Таа е патоказ дека дури и кога животот е тежок, не смееме да ја изгубиме вербата во доброто. Секој Петковден не потсетува, дека не сме сами, Бог и Света Петкса се покрај нас и со сите што ги љубиме. Во денешно време, кога многумина забораваат на традицијата и духовноста, куќната слава е нашиот тивок отпор. Тоа е нашиот начин да кажеме: ние не се откажуваме од своето, од верата, од чесноста и од семејството. Затоа, кога ќе го запалиме кандилото и свеќата за Света Петка, да се помолиме за здравје на сите Нас, за мир во домовите и за благослов на Македонија. Да имаме сила да ги чуваме старите вредности и срце да градиме нови. Нека Света Петка Ни донесе здравје, љубов и топлина во секој дом, а нашата Македонија нека ја благослови со сплотеност и светлина. АМИН! (Народна песна) Света Петка низ рај шета Света Петка низ рај шета,
|





















