Среда, 26 Ноември 2025    Печати
Обидите на Венко Филипче да го потцени народот звучат празно, задоцнето и непристојно

9 copy copy copy copy

Изјавата на Венко Филипче дека „власта на Мицкоски продолжила таму каде што застанал Груевски“ звучи како обид да се прикрие она што вистински им остана на граѓаните од седумгодишното владеење на СДС: економска стагнација, рекордна корупција, распродажба на национални интереси и целосно рушење на државното достоинство.

СДСМ ја презеде државата со стабилни финансии, а ја напушти со:

  • највисока корупција според меѓународни индекси,
  • задолжување од кое уште се опоравуваме,
  • стопирани инвестиции,
  • бегство на млади од државата.

Да зборуваш за „авторитарен режим“, а седум години да владееш со притисоци, реваншизам и селективна правда, тоа е политичка иронија.

Филипче тврди дека граѓаните „сфаќале што губат“.
Но граѓаните многу јасно знаат што изгубија токму во времето на СДС:

  • изгубија име на државата,
  • изгубија историски симболи,
  • изгубија достоинство на меѓународната сцена,
  • изгубија национални позиции стекнувани со децении.

Во времето на СДС, работниците беа на улица секој месец, затоа што платите стагнираа, инфлацијата растеше, а економски развој не постоеше.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ влече чекори за стабилизација и развој, а отпорот што го гледаме е од оние што ги губат привилегиите, не од работниците.

За време на владеењето на СДС бројки „имаше“, но реално:

  • лекарите масовно заминуваа од земјата,
  • здравството беше во хаос,
  • тендерите и скандалите беа секојдневие.

Не може да зборува човек за „успешни политики“ кога половина медицински кадар избега во Германија.

СДС беше таа што ги влечеше наставниците пред камери, под партиски притисоци по училиштата и манипулираше со штрајковите.
Фактите го демантираат Филипче, наставниците штрајкуваа токму за време на владеењето на СДС, а не сега.

Кога народот со огромна разлика ти кажува дека не те сака на власт, тоа е најпрецизниот индикатор што е навистина „ненародно“.
СДС не падна поради пропаганда, падна поради резултати.
Падна поради сѐ што остави зад себе.

Партија што изгуби на парламентарни, претседателски и локални избори, внатрешно поделена и нема визија, не може да се претставува како „единствена алтернатива“.
Алтернатива се станува со дела, не со зборови.
А СДС зад себе остави само споменици на сопствениот неуспех.

Граѓаните не забораваат каква предавничка политика водеше СДС:
кој го смени името,
кој ги бришеше симболите,
кој ги распродаде националните интереси,
кој создаде корупциски систем,
и кој ја доведе државата до дно.

Обидите на Филипче да го потцени народот звучат празно, задоцнето и непристојно

Најдобар одговор од народот кон СДС беа резултатите на парламентарните, претседателските и локалните избори.
Тоа е најсилниот контра-аргумент.

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy