|
||||
| Обидите на Венко Филипче да го потцени народот звучат празно, задоцнето и непристојно |
|
Изјавата на Венко Филипче дека „власта на Мицкоски продолжила таму каде што застанал Груевски“ звучи како обид да се прикрие она што вистински им остана на граѓаните од седумгодишното владеење на СДС: економска стагнација, рекордна корупција, распродажба на национални интереси и целосно рушење на државното достоинство. СДСМ ја презеде државата со стабилни финансии, а ја напушти со:
Да зборуваш за „авторитарен режим“, а седум години да владееш со притисоци, реваншизам и селективна правда, тоа е политичка иронија. Филипче тврди дека граѓаните „сфаќале што губат“.
Во времето на СДС, работниците беа на улица секој месец, затоа што платите стагнираа, инфлацијата растеше, а економски развој не постоеше. Денес, ВМРО-ДПМНЕ влече чекори за стабилизација и развој, а отпорот што го гледаме е од оние што ги губат привилегиите, не од работниците. За време на владеењето на СДС бројки „имаше“, но реално:
Не може да зборува човек за „успешни политики“ кога половина медицински кадар избега во Германија. СДС беше таа што ги влечеше наставниците пред камери, под партиски притисоци по училиштата и манипулираше со штрајковите. Кога народот со огромна разлика ти кажува дека не те сака на власт, тоа е најпрецизниот индикатор што е навистина „ненародно“. Партија што изгуби на парламентарни, претседателски и локални избори, внатрешно поделена и нема визија, не може да се претставува како „единствена алтернатива“. Граѓаните не забораваат каква предавничка политика водеше СДС: Обидите на Филипче да го потцени народот звучат празно, задоцнето и непристојно Најдобар одговор од народот кон СДС беа резултатите на парламентарните, претседателските и локалните избори.
|





















