|
||||
| Горан Ангелов-Ќосето и уставобранителите: Маченици што ја плаќаат цената за Македонија! |
|
Слобода за Горан Ангелов–Ќосето и за сите уставобранители! Осудени како терористи, казнети со 12, 15 и 18 години затвор, не затоа што згрешија, туку затоа што не прифатија да се наведнат пред неправдата. Во времето на политичките прогонства на Заев и СДС, кога предавството се наградуваше, а љубовта кон татковината се казнуваше, Уставобранителите останаа исправени!
Им го скршија телото, но не и духот. Уставобранителите не бараат помилување, бараат повторно судење за да докажат дека не се терористи, Тие се жртви на системот на Зоран Заев и Кацарска, затоа што им се спротивставија на нивните предавста и го браеа уставот на Македонија. Ќосето и останатите уставобранители ја носат неправдата како крст и секој ден сведочи за најголемото прашање: „Зошто Македонија ги казнува оние што ја бранат?“ Одговорот го знаеме: затоа што режимот на Зоран Заев се плашеше од чесни луѓе-патриоти.. Време е, ако воопшто има чесни судии во Македонија, час поскоро да ја исправат оваа антимакедонска неправда врз уставобранителите! Слобода за уставобранителите!
|






















