|
|
| Македонска нација-бастион на Македонската вистина! |
|
Порталот „Македонска нација“ - вистинска современа енциклопедија на македонската историја и реалност! На 17 јуни 2009 година ја презедов одговорноста да го уредувам порталот „Македонска нација“www.mn.mk, кој беше формиран со една единствена цел – да ја продолжам светата традиција на едно од првите демократски гласила со истото име, основано во 1971 година во Минхен, Германија, а главен уредник беше Драган Богданоски. Тогаш, „Македонска нација“ беше печатено списание и орган на организацијата ДООМ (Движење за Ослободување и Обединување на Македонија), создадено во време кога македонскиот збор во татковината беше гушен, а вистината систематски бришена. Порталот www.mn.mk е непрофитен дигитален бедем на македонскиот дух, чувар на историјата која многумина сакаа да ја избришат, и штит што ја брани вистината за нашето име, јазик, култура и државност. Нашата ризница е жива историја, собрани се текстови и сведоштва што ја носат македонската душа: Секој текст е камен во темелите на нашата национална меморија. Ние ја браниме Македонија со збор, вистина и достоинство, нашата мисија е да се спротивставиме на: -политичките уцени, -историските негирања, -јазичните омаловажувања, -обиди за бришење на македонската национална посебност. Ние сме Македонци, наследници на Илинденците, Асномците, наследници на Филип, таткото на Александар Македонски, Фалангата, Свети Климент, браќата Кирил и Методија,...а не има во: Вардар, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, Европа, Америка, Австралија, Канада,...ние сме народ кој многу пати бил газен, негиран и делен, но никогаш скршен. Ние повикуваме на национално будење, обединување, на заедничко творење. „Македонска нација“ е дом на сите што искрено ѝ посакуваат добро на нашата Македонија, без разлика што се по вероисповед или каде живеат. Порталот „Македонска нација“ е трибина за секој што ја носи Македонија во срцето, А НАШИОТ ЗАВЕТ Е: Да остане трага. Придружете ни се: Македонска нација е непрофитен портал со Завет и борба за вистината. Испраќајте ни текстови поврзани со македонското минато, идентитет, актуелни случувања, да ги објавиме и заедно да ја откриваме и чуваме македонската вистина. Нашата Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Главен и одговорен уредник Мане Јаковлески
Иницијативен одбор 17 јуни 2009 година: Мане (Манојил) Јаковлески-МК Катерина Климоска-МК Дејан Донев-МК Горан Митевски-МК Марија Јаковлеска-МК Ламбе Арнаудов-МК Александар Ѓорѓиев-МК Васе Арсова-МК Тихомир Каранфилов-МК Тодор Петров-МК Бранискав Саркањац-МК Панде Лазаревски-МК Емил Јакимовски-МК Жаклина Петроска-МК Жаклина Трпевска-МК Костадин Керпичоски-МК Звонко Станковски-МК Биљана Костадиноска-МК Ставре Џиков-МК Ташко Јованов-МК Ниче Димовски-МК Славе-Катин-МК Кире Кипроски-МК Васил Штерјовски-Албанија Едмонд Темелко-Пустец Архимандрит Никодим Царкњас-Егејска Македонија Јордан Плевнеш-Франција Атанас Бањански-Германија Трајко Скендеровски-Германија Љубица Даленбург-Германија Тања Димитрова-Германија Јанко Пиркоски-Германија Иљо Тодев-Германија Александар Јованов-УСА Гордана Димовска-Австралија Александар Џеповски-Австралија Љубе Спасески-Австралија Илче Мушарески-Австралија Цоле Маркоски-Австралија Пеце Ристески-Сиднеј, Австралија Миле Андоновски-Австралија Јован Тодороски-Австрилија Славе Ристески-Австралија Јане Манчев-Австралија Борис Димитриески-Австралија Круме Саздов-Австралија Предраг Иваноски-Австралија Доне Димов-Камбера,Австралија Трајче T. Трајковски-Австралија Боби Серафимовски-Австралија Наум Трајчески-Австралија Слободан Диневски-Австралија Маноли Станишев-Австралија Томе Велјановски-Шведска |















