Сабота, 14 Февруари 2026    Печати
Денес е Свети Трифун, заштитникот на лозарите, винарите и овоштарите

Sv Trifun

Денес православните верници го одбележуваат празникот на Свети Трифун – заштитникот на лозарите, винарите и овоштарите, симбол на плодноста, трудот и благословот.

На овој ден традиционално се излегува во лозјата и се извршува првото кроење. Се полева лозата со вино, се упатува молитва за родна година и за здравје.

Во македонската традиција, овој ден е и празник на заедништвото. Се собира семејството, соседите, лозарите, се благословува годината што претстои. Тоа е спој на верата и земјата, на духовното и материјалното.

Нека денешното кроење биде потсетник дека секој од нас има своја „лоза“, свој живот, карактер и дела.
А од нас зависи дали ќе дадеме добар плод.

Среќен и благословен Свети Трифун на сите што го слават!