|
||||
| Денес е Свети Трифун, заштитникот на лозарите, винарите и овоштарите |
|
Денес православните верници го одбележуваат празникот на Свети Трифун – заштитникот на лозарите, винарите и овоштарите, симбол на плодноста, трудот и благословот. На овој ден традиционално се излегува во лозјата и се извршува првото кроење. Се полева лозата со вино, се упатува молитва за родна година и за здравје. Во македонската традиција, овој ден е и празник на заедништвото. Се собира семејството, соседите, лозарите, се благословува годината што претстои. Тоа е спој на верата и земјата, на духовното и материјалното. Нека денешното кроење биде потсетник дека секој од нас има своја „лоза“, свој живот, карактер и дела. Среќен и благословен Свети Трифун на сите што го слават! |




















