Среда, 25 Март 2026    Печати
ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА (5)

77

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН 

Селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Инаку, Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица се наоѓаво живописното село Сливница, кое е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот манастир „Света Мала Богородица“. Овој центар на духовното живеење на Македонците и споменик на културата дава посебен белег на Преспа

Рождеството на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар, како што е случајот со прославата на „Света Мала Богородица“ во селото Сливница, во Преспа.

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

 777

Преспанското Езер и островот Голем Град

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. 

Инаку, Преспанскиот регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица. Сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“ е сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа.

Кога се пишува за Преспа неоходно е да се нагласи дека покрај планината Галичица која се наоѓа на западната страна, Баба Планина е распространета на источната страна  на Преспа и Преспанското Езеро. Во подножјето на Баба Планина е сместен  манастирот „Света Мала Богородица сливничка“

А, планината Баба како да ги надгледува Пелагонија и Преспанската котлина поради својата височина, која е трета највисока планина во Република Макеоднија, по Кораб и Шар Планина. Нејзиниот највисок врв е врвот Пелистер (2601 м).

Ова прекрасна планина ја дели Пелагонија од Преспанското Езеро, а со своите две глечерски езера, фауната и флората претставува вистинска реткост. Исто така, карктеристично за планинскиот масиф Баба е тоа што на превојот Ѓавато ги расцепува реките во регионот, така што тие или течат кон Јадранското или кон Егејското Море.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН