Среда, 03 Септември 2025    Печати
ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО

32435

ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО

Мајко Македонијо

Нека ти е вечен празникот,

8ми Септември

Нека се слави со радост и чест,

Желбата за слобода

Да биде света како причест.

 

Од Шара до Баба

Ветерот носи мирис на слобода,

Како ехо низ времето

Се шепоти твоето име,

Македонијо, секогаш ќе те браниме

Затоа денес роденденот ти го славиме.

 

Со векови стоиш гордо

Со исправена глава,

Иако душмани ти менуваат става

Ти направи чекор кон светлината,

Нашите потомци ќе те чуваат во иднината

Биди секогаш слободна, благословена и благородна.

Автор: Оливера Јовановска - Скопје