|
||||
ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО |
ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО Мајко Македонијо Нека ти е вечен празникот, 8ми Септември Нека се слави со радост и чест, Желбата за слобода Да биде света како причест.
Од Шара до Баба Ветерот носи мирис на слобода, Како ехо низ времето Се шепоти твоето име, Македонијо, секогаш ќе те браниме Затоа денес роденденот ти го славиме.
Со векови стоиш гордо Со исправена глава, Иако душмани ти менуваат става Ти направи чекор кон светлината, Нашите потомци ќе те чуваат во иднината Биди секогаш слободна, благословена и благородна. Автор: Оливера Јовановска - Скопје |