Среда, 15 Јули 2015    Печати
Македонскиот јазик е поразличен од српскиот и од бугарскиот

СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО ЧЕДО МИЈАТОВИЌ: (Цариград, 1888 год.)

Stojan novakovic“Само вистинските сметки се остваруваат, а во политиката се вистинити само оние сметки во кои нема ни малку илузија. Од тоа гледиште, а по прашањето за поширокиот српски продор во Македонија, мораат како стварна основа да се земат овие точки:

1. дека македонскиот дијалект е поразличен од српскиот и од бугарскиот, но дека има сличности и со едниот и со другиот;

2. дека бугарската пропаганда до сега голема грижа полагала разликата меѓу ма­ке­донските дијалекти и српскиот јазик на секаков можен начин да ја обележи и ис­каже;

3. во српскиот интерес е дека мора да се појде по истиот пат, но стрпливо, со­лид­но и систематично со нови оригинални средства, поединечно употребувајќи се што може да ја намали разликата меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, спро­тив­но на ­горе наведените бугарски стремежи.

Во тој правец и се чини дека е најпотребно составување на еден посебен Буквар на ма­ке­дон­скиот дијалект за Македонија. Во тој Буквар би требало со ма­ке­дон­скиот да се изме­ша и српскиот Буквар, но така да македонскиот биде две третини, а срп­скиот ед­на третина, и тоа во втората половина.

Букварот треба да се напише со српски правопис, со сета употребливо внимание за вис­тинската чистотта и добра транскрипција на македонскиот дијалект”

Архив Србије, МИД, ППО,II,225, 1888;

Б. Ристовски, Портрети и процеси...,1, стр/542;