Четврток, 05 Декември 2013    Печати
Во Штип откриена античка камена гробница

На локалитетот Беш Тепе Анче, во близина на Карбинци, штипските археолози открија античка камена гробница, единствена од ваков вид во Македонија.

grobnica-500

Слична гробница е пронајдена во југо-источна Бугарија. Археологот Митко Штерјов вели дека името на топонимот говори дека овде имало пет тепиња, односно могили, од кои останале три, а  во една од нив е пронајдена гробницата која датира од првиот до третиот век од нашата ера.

- Се работи за ѕидана гробница со речен камен со дијаметар 6 метри и висина од 2,5 метри. Самото тоа укажува дека се работи за некоја позначајна личност од аристократија во римското време или некој од владетелите на овие простори, рече Штерјов.

Понатамошните истражувања и артефактите ќе ги дадат и деталите за начинот на погребувањето и точното датирање на гробницата. Беш Тепе Анче е локалитет за чие истражување средства одвои министерството за култура во рамките на програмата за финасирање на проекти од национално значење.