|
||
| Битуше е село на чешми |
|
Местоположбата, почвено – климатските услови, бујното зеленило и изобилството на чисти планински извори Битуше го прават привлечно место за живеење. И не само што речиси, сите, сто и дваесетина куќи се во добра состојба, туку се води грижа и за инфраструктурните потреби. До селото води асфалтен пат, а со изградбата и ставањето во функција на двата селски водоводи, еколошки чиста и здрава вода за пиење има во секоја куќа. Битуше е поделено на две маала: Село и Ранчевци, а меѓу нив како спојка е третото маало Топузовци. Но, секој сокак си има и свое маалско име – од Била до Синџира. Селото е од збиен тип, а стрмниот терен и ограничениот простор за градба, на битушкиот неимар му дале можност до максимум да ја изрази својата креативност во искористувањето и обликувањето на просторот, изобилно користејќи го каменот, како основен градежен материјал. Куќите во Битуше обично се на два или три ката, а само три куќи во селото имаат по четири ката. ДАЛИ ЗНАЕТЕ... Битуше е село на чешми. Изградени се и уредени вкупно 22, во селото, ливадите, над селото и во битушкиот орман. Селото има пат црковни градби: едната сред селото е „Св. Архангел Михаил“, другата „Св. Илија“, е спроти манастирот „Св. Јован Бигорски“ во месноста Добје, третата „Св. Спас“ е на Покладишќа, две други цркви се изградени на Крчин. Навистина селото сега има нешто повеќе од шеесетина жители, но него постојано, а особено во летниот приод и за Водици, го посетуваат голем број иселени Битушани кои му го враќат вриежот на животот каков што бил некогаш. -Дамчева чешма Темел осветен на 31 мај 2001 |