|
||||
Битуше е село на чешми |
Битуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, во регионот на Долна Река. Оддалечено е 25 километри јужно од Маврово и на дванаесет километри северно од Дебар. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига планината Бистра со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики. Местоположбата, почвено – климатските услови, бујното зеленило и изобилството на чисти планински извори Битуше го прават привлечно место за живеење. И не само што речиси, сите, сто и дваесетина куќи се во добра состојба, туку се води грижа и за инфраструктурните потреби. До селото води асфалтен пат, а со изградбата и ставањето во функција на двата селски водоводи, еколошки чиста и здрава вода за пиење има во секоја куќа. Битуше е поделено на две маала: Село и Ранчевци, а меѓу нив како спојка е третото маало Топузовци. Но, секој сокак си има и свое маалско име – од Била до Синџира. Селото е од збиен тип, а стрмниот терен и ограничениот простор за градба, на битушкиот неимар му дале можност до максимум да ја изрази својата креативност во искористувањето и обликувањето на просторот, изобилно користејќи го каменот, како основен градежен материјал. Куќите во Битуше обично се на два или три ката, а само три куќи во селото имаат по четири ката. ДАЛИ ЗНАЕТЕ... Битуше е село на чешми. Изградени се и уредени вкупно 22, во селото, ливадите, над селото и во битушкиот орман. Селото има пат црковни градби: едната сред селото е „Св. Архангел Михаил“, другата „Св. Илија“, е спроти манастирот „Св. Јован Бигорски“ во месноста Добје, третата „Св. Спас“ е на Покладишќа, две други цркви се изградени на Крчин. Навистина селото сега има нешто повеќе од шеесетина жители, но него постојано, а особено во летниот приод и за Водици, го посетуваат голем број иселени Битушани кои му го враќат вриежот на животот каков што бил некогаш. -Дамчева чешма Темел осветен на 31 мај 2001 |