|
||||
Порталот “Македонска нација“ е местото, каде се објавуваат вистините за нашата држава |
Македонска нација“ е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност“. Велат, годинити се менуваат но, болките остануваат. И тоа е точно. Сега во времето на демократијата во Европа ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани бoлки. Повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја менува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата. Ние знаеме дека сме Македонци. Ние знаеме дека не можеме да бидеме ништо друго. Ништо освен Македонци. Големи или мали, како сакате! Ете затоа повторно “Македонска нација“ Овој пат многу послободен за да може да зборува за себе, за вистината, за Македонија. Да ги истражи и објави сите неправди, сите злодела што со години наназaд ни биле направени, а при тоа никој не сакал да ги слушне. Да ги објави вистините за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава татковина, но и надвор во Дијаспората, Пиринска, Егејска Македонија и Македонците во Албанија. Тоа им го нуди нашиот портал. Порталот “Македонска нација“ е местото, каде се објавуваат вистините за нашата држава. Местото, во кое свое место ќе си најде секој. За да нема тајни мисли. За да нема задкулисни игри, на кои ние Македонците од секогаш сме биле жртви. За да нема прогон. За да нема осуда. Затоа што мислата мора да живее. Сонот мора да се реaлизира. Татковината мора да опстои, а ние Македонците мора да се бориме за да не' биде. Тоа е пораката која мора да ја носиме сите во нас. Како водилка низ мачнината која повторно ни се случуба. Македонија вечна!
|