Среда, 27 Ноември 2024   
Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

makedonija-rimsko-carstvo

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие Метел го задушил востанието на Андриск во 148 година п.н.е., Римјаните ги укинуваат четирите републики кои преходно ги формирале на територијата на античка Македонија. Во рамките на провинцијата Македонија биле вклучени делови на Епир, Тесалија, Илирија и Тракија, а главен град бил Солун.

Кон провинцијата Македонија, Римјаните ги придодавале новоосвоените територии во период од околу сто и педесет години. Меѓу 80-тите и 70-тите години пред новата ера кон провинцијата Македонија биле придодадени територии од источниот дел на Балканскиот Полуостров, се` до реката Дунав и голем број на Црноморски градови денес познати како Констанца, Варна, Несебар и други. Исто така кон неа биле припоени и крајбрежните области на Егејско и Мраморно Море (Препонтида).

Овие граници биле нестабилни и често се менувале во зависност од борбите со непокорените народи. Според Цицерон „границите на провинцијата Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч“. Но, во 27-та година п.н.е., Македонија била прогласена за сенатска провинција, а од нејзиниот јужен дел била формирана провинцијата Ахаја. Исто така, набрзо северниот дел бил одделен и била формирана провинцијата Мезија.

Во III или IV век на новата ера, провинцијата Македонија била поделена на два дела: Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север). Всушност во 297 година, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан (284 - 305), била извршена нова административна реформа. Римското царство било поделено на 12 големи дијацези кои пак, биле составени од сто провинции. Се смета дека со овие реформи од дотогашната провинција Македонија биле формирани три нови провинции: Тесалија, Нов Епир и Македонија. Двете македонски провинции биле вклучени во Македонската дијацеза, која покрај нив ја сочинуваа Тесалија, Епир, Ахаја и Крит.

Македонската дијацеза заедно со дијацезите Дакија и Панонија ја сочинуваа Илирската префектура која е воспоставена во 318 година. Кога во 379 година Илирската префектура беше поделена на Западна и Источна, македонските провинции биле вклучени во Источен Илирик. По поделбата на Римското царство на Западно и Источно римско царство во 395 година, Македонија припаднала на источниот дел, односно на Византија.

Од доцноантичките различни извори може да се согледа јасна разлика во границите на провинцијата Македонија или Македонија Прима и Македонија Секунда, кои иако во различни периоди биле променливи, сепак воглавно ги зафаќале историско-географските граници на Македонија.

Државното уредување воспоставено од Октавијан Август (31 година п.н.е. – 14 година од н.е.) ѝ овозможува на Македонија долготраен мир, период исполнет со просперитет и благосостојба. За економскиот прогрес на Македонија допринесува изградбата на патот Виа Егнација и доселувањето на бројните трговци кои формираат свои колонии. Со развојот на економијата во Македонија значајна корист имаат не само власта туку и средниот слој.  Подобрувањето на условите за живот го зголемува бројот на занаети чии производи, покрај земјоделските, сточарските, рудите, дрвото и други, се извезуваат преку македонските пристаништа Солун, Дион и Касандрија. За тогашниот живот на граѓаните на Македонија зборуваат археолошките наоди во Скупи, Стоби, Хераклеа и други. Прекрасните мозаици, термите, амфитеатрите, укажуваат на еден богат и исполнет живот на тогашните жители.

Така, денес кога ја гледаме картата на Македонија, лесно е да се увидат катастрофалните последици по развојот на македонската економија, кои настанаа со ампутација на нејзиното тело. Гледајќи денес како е распарчена Македонија, сфаќаме колку е тоа направено монструозно и неприродно.

Огорчено гледате како некој ја спружил чергата на вашиот праг и не ви дозволува да излезете од куќата. Завивате од бес, болка, се јадете меѓу себе, но вратата останува затворена. Се прашувате до кога? Можеби се` уште очекувате некој друг наместо Цицерон да каже: „Границите на Македонија се таму, до каде што допира европскиот меч“!? Не, денес такво нешто нема, денес сами треба да ги збиеме сопствените редови и да ја подотвориме вратата.

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.