Среда, 16 Април 2025    Печати
Цветко Трајков

94 copy copy

Цветко Трајков (? – 1. V 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати. На 1 мај 1903 година, во последната акција на Гемиџиите, Трајков се обидел да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша, но откако не успеал, се самоубил.


Цветко Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиската империја. Се вклучил во македонското револуционерно движење и бил дел од структурите на Македонскиот комитет во Софија.  Тој станал телохранител на Борис Сарафов, кој им дал морална и материјална помош на Гемиџиите.

На почетокот на XIX век, Цветко имал околу 40 или 50 години. Тешко болен од туберкулоза, тој дошол во Солун за да им се придружи на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати, притоа решен да го даде својот живот за Македонија.

Цветко имал задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша. Меѓутоа, тој сакал  својата задача да ја изврши пред главните напади. Сепак, останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи предвремениот атентат врз валијата би ја раздвижила полицијата и аскерот, а тоа можело да доведе до спречување на другите планирани атентати.

По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.


На 1 мај (нов стил) во квартот „Пиргите”, Цветко имал неуспешен обид да ја изврши задачата. Телохранителите на валијата го оттргнале од пајтонот, по што тој се оддалечил малку, ја активирал бомбата, потоа седнал врз неа и се разнел пред очите на валијата.

Tiho copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.