|
||||
Цветко Трајков |
Цветко Трајков (? – 1. V 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати. На 1 мај 1903 година, во последната акција на Гемиџиите, Трајков се обидел да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша, но откако не успеал, се самоубил.
На почетокот на XIX век, Цветко имал околу 40 или 50 години. Тешко болен од туберкулоза, тој дошол во Солун за да им се придружи на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати, притоа решен да го даде својот живот за Македонија. Цветко имал задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша. Меѓутоа, тој сакал својата задача да ја изврши пред главните напади. Сепак, останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи предвремениот атентат врз валијата би ја раздвижила полицијата и аскерот, а тоа можело да доведе до спречување на другите планирани атентати. По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.
Подготвил: Т.К. |