|
Аеродроми полни, а во него деца со нарамени торби Младината оди, каде патот ја води. Мајка плаче, коси корне, брат заби стега, судбината ја колне. Татко на земја клечи и синот го моли, „Не оди синко, не оставај празни соби’’.
Еј вие, деца млади, не бегајте од мајка, в туѓина, нема да ви биде бајка. Овде секој ве познава, братски рака ќе ви стегне, таму студот в срце ќе ви влезе, в душа болка ќе ве легне.
Дојдете си дома, та да си најдете убава мома. на Петровден свадба да се слави, цел свет да ви ги види, убавите глави. Рожба да дочекаме, крштенка да направиме, за новородениот Македонец да славиме.
Цел свет да чуе, тапан и зурла кога ќе засвират, за народот, македонското име што го слават. Дојдете си Македонци, в туѓина не бидете сираци, не оставајте ја, мајка Македонија за вас да плаче, дојдете, пополнете празни сокаци.
 Оливера Доневска
|