Среда, 22 Март 2023    Печати
На Апостолот Гоце

goce-delcev

На овој ден
на овој најсветол ден
нека се расветлат небата
нека се разбранат езерата
нека зашумат реките
нека се разлистат шумите
за да ја разнесат големата слава
за јунакот славен
во целиот свет знаен.

Да ги подариме и овие стихови
за една младост
не разцветана
за една радост
не видена
за еден живот
неизживеан.

Гоце,
ти беше се за Македонија
симбол на слободата
и бескрајни надежи,
утеха на запалени села
во денот бавно што зајде,
на разкрвавените тела
повикан лек да му најдеш,
ти беше душата на народот
сонце на иднината
на човекот за слобода што плачи,
ти беше ѕвезда деница
непрестано што зрачи.

Ти си
небесна искра
што разгоруваш
милионски срца
што стопуваш
студени души
по сите ливади
по сите полиња родни
по сите планини
по сите патишта бели
кај кладенци бистри,
кај илинденци смели
високо знамиња веат
работници мачни
песни ти пеат
а ти јунаку
на секаде зрачиш
Гоце,
за Македонија ти многу значиш.


Горнан Јовановски
Бпамтон, Канада