|
||||
На Апостолот Гоце |
На овој ден на овој најсветол ден нека се расветлат небата нека се разбранат езерата нека зашумат реките нека се разлистат шумите за да ја разнесат големата слава за јунакот славен во целиот свет знаен. Да ги подариме и овие стихови за една младост не разцветана за една радост не видена за еден живот неизживеан. Гоце, ти беше се за Македонија симбол на слободата и бескрајни надежи, утеха на запалени села во денот бавно што зајде, на разкрвавените тела повикан лек да му најдеш, ти беше душата на народот сонце на иднината на човекот за слобода што плачи, ти беше ѕвезда деница непрестано што зрачи. Ти си небесна искра што разгоруваш милионски срца што стопуваш студени души по сите ливади по сите полиња родни по сите планини по сите патишта бели кај кладенци бистри, кај илинденци смели високо знамиња веат работници мачни песни ти пеат а ти јунаку на секаде зрачиш Гоце, за Македонија ти многу значиш. Горнан Јовановски Бпамтон, Канада |