Среда, 10 Ноември 2021    Печати
Твојот песочен часовник на времето

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЈОЗЕФ ОБРЕМБСКИ ВО САМОКОВ (Самоков, септември 2018 г.)

1nail9012

Твојот песочен часовник на времето

векови мери

време,

кое како сонце

сѐ посветло грее

од твојата љубов спрема Порече

Со сведоштва сподвижно е

твоето време во нас

а со чувствата

возвишени сме

до каде те водела

светата мисла за Македонија

што ја знаеме за своја

Иако неправдите

ја зауздуваат вистината пред светот

и тие времиња ќе минат

штом секој, а и душманите

ќе ја прочитаат нашата историска вистина

како во Библија испишана од твоите раце

Времето на твојата сегашност

си успеал да го позлатиш

да биде поскапо и од иднината

која ти освоила

место за твој споменик

во срцето на Порече

како доказ

колку тежи историјата на нашата татковина.