Среда, 22 Мај 2024    Печати
НА НЕЗНАЈНИТЕ - НА БРАНИТЕЛИТЕ

19m89

Бранители, за татковината Светители

А кој се тие?!?

Тоа се сите оние што ја сакаат татковината

Сите тие што во името на мајковината оставаат белег,

Бранители се сите што ја бранат и чуваат татковината.

 

Дали бранител е тој што го пукна ,,Црешовото Топче“?

Или тој со кама и меч што се бореше?

Можеби се тие што гердан везеа од фишеци

Се криеа по пештери и бункери,

Правеа коктел од пролеана крв како да се шанкери.  

 

Дали бранител е тој

Што во зандани коски фрли?

Затоа што се осмели

Уста да отвори - збор да проговори,

Македонија е на Македонците на агресори им одговори.

 

Дали поетот е бранител?

Да тој, дома што седи,

А преку перото бројаница молитви реди

Раскажува и прераскажува за историјата на Македонија,

Аманет на потомци остава Македонско име да не сè заборава.

 

Автор: Оливера Јовановска- Австралија