Среда, 11 Март 2026    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ: Биљане

6е.slave

Биљане

твоето име од детство

како аманет во мене го носам

врежано во мојава свест

но никако да те најдам

наспроти мојата желба

по цело село во Горно Ботуше

освен да го слушнам 

твоето величествено име во секој дом

небаре со топлина на огниште

насекаде зрачиш со твојата слава

која ги топли срцата на ботушаните

и искри фрла по цело Порече

со светлина

рамна на хероите на Македонија

 

Не е на одмет

и ова да се знае

светот ни се изнамќори

сѐ уште се искачуваме

по нагорен пат

по скалите на историјата

во потрага да ни се разведри

оваа мрачна и мачна злодоба

над нашава илјадавековна татковина

 

Биљане,

твоето и моето време

создале  една едност

селото ни е посредник

за со виза да влеземе

во музејот на неговата вечност

за уште пославно да е

нашето Горно Ботуше.

 

БИЉАН Р. НОВЕСКИ-Роден 1919 во Горно Ботуше, Порече-април 1945 во Винковци-Хрватска македонски партизан, учесник во НОБ