|
||||
| САВО КОСТАДИНОВСКИ: Биљане |
|
Биљане твоето име од детство како аманет во мене го носам врежано во мојава свест но никако да те најдам наспроти мојата желба по цело село во Горно Ботуше освен да го слушнам твоето величествено име во секој дом небаре со топлина на огниште насекаде зрачиш со твојата слава која ги топли срцата на ботушаните и искри фрла по цело Порече со светлина рамна на хероите на Македонија
Не е на одмет и ова да се знае светот ни се изнамќори сѐ уште се искачуваме по нагорен пат по скалите на историјата во потрага да ни се разведри оваа мрачна и мачна злодоба над нашава илјадавековна татковина
Биљане, твоето и моето време создале една едност селото ни е посредник за со виза да влеземе во музејот на неговата вечност за уште пославно да е нашето Горно Ботуше.
БИЉАН Р. НОВЕСКИ-Роден 1919 во Горно Ботуше, Порече-април 1945 во Винковци-Хрватска македонски партизан, учесник во НОБ |












