Среда, 17 Април 2024    Печати
Одродисти

DOOM

Не биди потиштена мајковино моја
не ќе те разнебитат татковино моја
ти си цела, обединета, света и благословена Македонија.

Името ти го валкаат
земјата ти ја продаваат
семожни изроди те черечат.
Комунисти
Социјалисти
лажни ВМРО-исти
Шиптаристи
терористи
Европеисти
Масонисти
сатанисти.
Нема ниту едни праведни,
ниту само едни
сите согрешија и се лишени од Божјата слава.

Вразумете се, вие одроди,
внимавајте, вие, земни злодејци!
На плашливците и неверниците,
на поганите и крвниците,
на блудниците, предавниците и расколниците
местото им е во бездната
што нема крај
во крајната темнина,тоа е другата смрт.
Ако Диоген на ден пладнина бараше луѓе
тогаш јас барам, Македонци,
Македонци…
на
Александар Трети Македонски

Милан Ј. Јовчески
лето Господово, 2006