Четврток, 11 Август 2011    Печати
Вечна ти слава сине!

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Дојде ден, кобен и зол
Ти замина и остави бол
Замина  едно рано утро
Замина со насмевка мила
И вети: Мајко пак ќе се вратам!
Овој глас, глас ли е?
Овој ден, ден ли е?
Боли и пече, ко лута рана
В тага се свила  и само пати
А ликот мил, чиниш поглед  ти краде и мами
не оди, не оди, те моли мајка мила,
Ја гледаш ли тагата моја
Го слушаш ли гласот мој?
Чемер и јад, се скриле во моето срце
Години минат, тебе те нема
Празен е домот
Празна е душата моја
На сон ја сонам ликата твоја
А ти ја допираш раката моја
Тешка грутка в срце ко да стега
Нема каде да се бега,
Загина  за родината своја
во часот зол и страшен.
А тој ко да ја слуша мајчината молба
Ко да ја сети мајчината тага,
‘ И без збор и без глас, те гледам јас
Ја гледам твојата мака
А ти мајко, во домот свој
Свиена и сама, тагуваш и тивко збориш
Зошто ли , зошто толку  неправда и злоба
Каде е моето чедо?
Ех  да си тука крај мене во овој час
да можам за миг да те видам јас,
да го допрам пак твојот лик
да го слушнам пак твојот мил глас
да ме облее радост овој час
Зашто вака животот е пекол
така некој напатен рекол
така  е чедо тешко од веков
до ден денешен.
Молк, солзи  и пак исто
Тебе те нема
Ти го даде животот свој
За твојата мајка, за Македонија
Вечна ти слава сине!