|

Црвена и црна шамија
фрлени во воздухот Два табора со зла крв се борат на местото каде што треба да се раздели душата Во летот цртаат крст Каде да го затворам плачот каде да отпатувам Душата им ја краде циганка им ја врзува во модри крпчиња и гази во реката да не ù се знае трагот Три циганчиња три жолти невени со половина душа во телото ги читаат ѕвездите Закопајте ги во топлион песок да не им биде студено Слушам две воени музики На прстите ми се собира црвена пена Зошто да ги раздвојам Зошто да ги убијам кога се родија завојувани Седам на чардаците закитен со ладни божурики Вие пославте черга над модрите камења на громот додека вашите деца береа црвени стапови киселица и мислеа под кој облак да застанат за да ја пречекаат росата Сон вие во сонот сте прекинати од песната на жалниот був што ја излева жолчката во пукнатината на едно дрво
Ги закопав во градината Каде да го затворам плачот каде да отпатувам Црвениот и црниот петел се борат на небото.
Радован Павловски |