Среда, 02 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Два петла: црвен и црн
Црвена и црна шамија
фрлени во воздухот
Два табора со зла крв
се борат на местото
каде што треба да се раздели душата
Во летот цртаат крст
Каде да го затворам плачот
каде да отпатувам
Душата им ја краде циганка
им ја врзува во модри крпчиња
и гази во реката
да не ù се знае трагот
Три циганчиња
три жолти невени
со половина душа во телото
ги читаат ѕвездите
Закопајте ги во топлион песок
да не им биде студено
Слушам две воени музики
На прстите ми се собира црвена пена
Зошто да ги раздвојам
Зошто да ги убијам
кога се родија завојувани
Седам на чардаците
закитен со ладни божурики
Вие пославте черга
над модрите камења на громот
додека вашите деца
береа црвени стапови киселица
и мислеа под кој облак да застанат
за да ја пречекаат росата
Сон
вие во сонот сте прекинати
од песната на жалниот був
што ја излева жолчката
во пукнатината на едно дрво

Ги закопав во градината
Каде да го затворам плачот
каде да отпатувам
Црвениот и црниот петел
се борат на небото.

Радован Павловски
 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.