Култура и туризам

Вознесение на Александар Македонски на небо!

aleksandar1

Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква – стара, со прекрасни и оригинални барелјефи. Тоа е катедралата Дмитриевски која веднаш го привлекува окото со својата необичност. Ова катедрала (од крајот на 12 век) беше централната зграда на не преживеаниот до денес ансамбл на палатата на принцот Всеволод. Големата катедрала на принцот Всеволод (крстен Дмитриј) била посветена на наговиот небесен покровител Светиот великомаченик Дмитриј Солунски. Со реставрација на фасадата храмот делумно го врати својот оригинален изглед.

И така, на јужната фасада на храмот Дмитриевски стана видлива крупна композиција на “Вознесение на Александар Македонски на небото”. На оваа композиција се преставени два грифона кои го носат на своите крилја царот, кој седи во плетена кутија. Во рацете на Александар, тој држи мали лавчиња.

aleksandar1
Полет Александра Македонского на небо. Рельеф на южном фасаде Дмитриевского собора во Владимире

Денес оваа приказна за нас изгледа невообичаено за христијанска црква, но во средниот век таа била многу популарна. Така ма пример уште Цар Самоил кој со брат му Арон во 973 година отишол на дворот на германскиот цар за да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка, како подарок му однел една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата која се чува во музејот во Вирцбург е претставен Александар Македонски кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста!

aleksandar2

За Александар Македонски постојат разни легенди за неговиот живот и смртта. Има записи кои тврдат дека кога Александар починал, се појавиле два огромни орли кои го кренале на небото.  Во денешните написи за Александар Македонски ова ретко се споменува, но во средниот век неговиот лет или уште како го викаат неговото вознесение кон небото било претставено во многу книги и уметнички дела.

Советскиот научник Ринин Николај Алексеевич (Рынин Николай Алексеевич, 1877 – 1942), кој е автор на бројни дела за реактивна технологија, меѓупланетарна комуникација и освојување на стратосферата, со што ја популаризира аеронаутиката, авијацијата и астронаутиката на почетокот на 20 век, во својата книга „Меѓупланетарни пораки“ (Лениград 1928), кој прв енциклопедиски труд по историја и теорија за рективните движења и космонаутика, за летовите на Александа Македонски ќе го забележи следното:

„Во Ерусалимскиот Талмуд забележано е за Александар Велики дека летал на орли или грифони на тронот на небото. Легендата за летот на Александар Велики се одрази во многу уметнички дела, каде е опишана оваа епизода. Еве како неговото искуство е опишано во еден есеј кој се појавил во третиот век п.н.е.: “Александар забранил на четири моќни птици на тронот три, дена да не им се дава храна. Тој самиот седел на престолот и подигнал две копја, на кои биле врзани парчиња месо. Птиците, стремејќи се кон храната, го кренале престолот со Александар. На голема височина, Александар се сретнал со птица со човечко лице и му наредил да се врати на земјата. Кога Александар погледнал надолу, тој, длабоко под него, видел огромна, завиткана змија и во центарот на прстенот мала платформа.

Птицата му објаснила дека змијата е морето, а платформата е земјиште опкружено со морето. По наредба на птицата, Александар ги спуштил копјата, а птиците полетале и безбедно го спуштиле на земја, но толку далеку од местото на полетувањето што само со голема тешкотија успеал да ја достигне својата војска “.

Во енциклопедијата на советскиот научник Ринин, преставени се неколку уметнички дела од различни периоди на кои е преставен летот (вознесението) на Александар Велики кон небото. На сл. 21 прикажана е минијатура од ракописот од Минхен од XIV век (Enikels „Weltchronik “). На сл. 22 е прикажана уште една слична минијатура од 1320 година. На сл. 23 го прикажува релјефот на римската порта на црквата во Рамачене на Рајна, на сл. 24 релјеф во базиликата Св. Марко во Венеција, на Сл. 25 покажува вез на полусвилен материјал направен во Регенсбург (јужна Германија) во 13 век (од музејот во Крефелд).

aleksandar3
Рис. 21. Полет Александра Македонского на птицах к небу

aleksandar4
Рис. 22. Полет Александра Македонского на птицах к небу. (Миниатюра 1320 г.).

aleksandar5
Рис. 23. Полет Александра Македонского. (Рельеф на римских воротах церкви в Ремачене на Рейне).

aleksandar6
Рис. 24. Полет Александра Македонского. (Рельеф в базилике С.Марко в Венеции)

aleksandar7
Рис. 25. Полет Александра Македонского. (Вышивка в музее в Крефельде).

Покрај преставените дела од страна на советскиот научник и публицист Ринин Николај Алексеевич, постојат и други уметнички дела објавени во други трудови на кој е преставен летот на Александар Македонски. Во нив ја сретнува сребрената чаша од XIII век, на која е прикажана слика на вознесението на Александар Македонски. Може да се види дека повторно вознесението го прават суштества со глави на птици. Потоа приказната за воздигнување на небото на Александар Велики ја гледаме и на дијадемата од Киев наводно од XII век (слика 5). Тука гледаме истото како и порано: вознесението го прават суштества со глави на птици, односно грифони, и т.н.

aleksandar8
Рис_4. Вознесение Александра Великого. Фрагмент серебряной чаши, якобы XIII век, ГЭ

aleksandar9
Рис5_Диадема «Вознесение Александра Македонского», г. Киев, якобы XII век, центральное звено

(извор: 08.09.2017, 00:36 ч. http://epizodsspace.airbase.ru/bibl/rynin/rynin1/01.html;

https://sites.google.com/site/raabtaru/home/katalog-statej/semargl-prodolzenie-1)

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

To top