МПЗ ХРИСТО МАТОВ
ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА ДА НЕ СЕ ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ!
12 септември 2018 година, Скопје, Македонија
– Македонското Патриотско Здружение ХРИСТО МАТОВ (МПЗ ХРИСТО МАТОВ) ја поздравува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не се гласа на референдумот на 30 септември, бидејќи трите прашања на едно гласачко ливче значат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а ВМРО-ДПМНЕ е против Договорот Димитров-Коѕиас Договор кој што ја става МАКЕДОНИЈА и македонскиот народ на најпонижувачката позиција од осамостојувањето до денес!
Имајќи предвид дека поради неизлезеност, на референдумот на 30 септември нема да се донесе одлука за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, очекуваме Владата да поднесе оставка а Собранието да се распушти и да се оформи техничка влада до предвремените Парламентарни избори!
МПЗ ХРИСТО МАТОВ ја поздравува одлуката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, да гласаат против промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
ЗАТОА #БОЈКОТИРАМЕ
ИК на МПЗ ХРИСТО МАТОВ