На прво место

Западни вредности не се криминални тендери и грантови доделени на партиски функционери на СДСМ

Македонија е во заложништво на кланот Заеви и нивните бизнис интереси

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Наум Стоилковски

Македонската држава е во заложништво на криминалниот картел на власта. Македонија е во заложништво на кланот Заеви и нивните бизнис интереси. СДСМ нема право да говори за европски вредности додека со неа раководи аболицираниот Заев, истиот оној кој што цела Македонија го виде како бара мито од 200 илјади евра од струмички бизнисмен.

Судство кое го штити криминалот наместо да го казнува истиот, не е одлика на правна држава. СДСМ нема право да говори за евроинтеграции на Македонија кога тие самите ја укинаа правната држава и загрозија европската иднина на државата. Одродената и криминална власта на чело со аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за западни вредности.

Западни вредности не се криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ, европски вредност не е исплата на партиски послушници со народни пари. Свитканата кичма не е одлика на европски политичар, ниту пак маскимата „евро за Вицето“.

Мафијашките методи на притисоци, уцени, закани нема да ја продолжат политичката кариера на Заев, неговата кариера нема да ја продолжи ниту распродажбата на националните и државните интереси. Заев не го слуша и не го почитува гласот на граѓаните, но затоа на некој следни избори тој глас ќе биде уште посилен и истиот ќе ги испрати сите овие транзициони политичари во политичка пензија.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

Во Полице откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома

Споменикот е дело на Петро Алексовски и е подигнат со поддршка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Во полскиот град Полице денеска, 19 ноември 2026 година, беше откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија во родните краишта, туку го поминаа животот во Полска и […]

Јовановски: Евроинтеграцијата го смени односот на западните научници кон македонската историографија

Дел од западните научници што порано ја критикувале македонската историографија денес покажуваат поголемо разбирање за нејзините ставови, откако увиделе дека нивните критики се користат за политички цели. Ова го истакна историчарот Далибор Јовановски на конференцијата по повод 80 години од постоењето на Институтот за историја. Настаните поврзани со евроинтеграцијата на Македонија влијаеле врз начинот на […]

To top