На прво место

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

1vmrovmr

1vmro

23.октомври 1893 –  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија  на Македонија преку револуционерна борба.

23.октомври 1893 во Солун беше основана Македонската револуционерна организавија. Во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмината македонски дејци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антов Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата. Тогаш беше создадена конспиративна група која ја нарекуваат Македонски револуционерен комитет. Тој ден, 23 октомври, од 2007 година се слави како Ден на македонската револуционерна борба.

По поставувањето на основите на Македонската револуционерна организација во 1893 година се развила изразита организациона дејност. Сознанието дека во Македонија постојат услови за развивање на усилена револуционерна активност ги охрабрува членовите на друштвото кои во почетокот на 1894 ходина повторно се сретнале во Солун. Тогаш се поставени целите на Организацијата: да биде тајна и револуционерна; нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, поради што ќе се вика внатрешна; во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност. Политичката цел била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави. За претседател бил избран Христо Татарчев, а за секретар-касиер Даме Груев.

Даме Груев во своите кратки спомени ќе забележи:  „ … Се групиравме меѓу себе, заедно изработивма правилник – Устав. Во неговата основа влегоа истите принципи: барање да се примени Берлинскиот  договор. Така тој устав беше изработен според образецот на уставот од револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: спроведување на решенијата од берлинскиот договор. Создадовме тајна организација со „централен комитет“, со гранки, со членски влогови. Се предвидуваше клетва и др… Тоа беше бо учебната 1893/1894 година.“ – споменува Даме Груев за поставување на основите на Македонската револуционерна организација.

Сепак својот замав, Организацијата го добива по Солунскиот конгрес. Најверодостојни податоци за конгресот одржан во Солун во летото 1896 година, дава Ѓорче Петров. Тој за решенијата на Солунскиот конгрес на револуционерната организација во 1896 година во своите „Спомени” ќе напише:

„За време на распустот од 1896, направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души. Од Солун бевме 6-8 души, од Битола Пере Тошев, од Воден Кирил Прличев. Од солунските бевме јас, Татарчев, Даме, Андон Димитров, Николов. Тогаш првпат се видовме со Матов, Делчев, Поп Арсов, првпат тогаш се запознавме меѓу себе. Работата зеде пошироки размери и сите ја бевме почувствувале потребата за да се организира таа посилно. Тоа собрание, така да се рече, беше основачко. И оттогаш датира солунската организација, тогаш веќе ЦК се призна. Дотогаш не се знаеја членовите на ЦК, се дотогаш одеше по другарски и секој работеше во својата средина, главно по свое наоѓање и само другарски се советуваше. Во разговорите како во друштво (ни биро, ни претседател, ни записници) се изврши разменување на мислите, секој се запозна со положбата во другите реони.

Го помнам само тоа дека таму го утврдивме делењето на окрузи. До колку ми иде на ум, окрузите беа прв Солунскиот, втор Битолскиот, но со право што Прилеп и директно може да општи со ЦК; Скопскиот друг округ; потоа имаше Штипски округ, округ Струмица и Џумаја (а не Сер). Во Џумаја беше Тане Мурџев. Еден округ Велес и Тиквеш со право да општат директно со ЦК. Одрин го примивме за округ. Во Одрин беше поп Коцев, во Цариград беше Димитар Љапов, кој претендираше Цариград, ако не биде центар, тогаш барем самостоен и да ја врши посредничката улога меѓу Бугарија и Македонија. Се реши Цариград со Одрин да составуваат еден округ. Даме Груев не го трпеше Љапова и настојуваше да не му се дава важност, зашто ќе си имаме главоболија.

Тогаш првпат се направи обид за административно уредување на организацијата и се предвиде ред, врските на ЦК со внатрешноста да стануваат само преку окрузите и тоа преку едно лице примено главно за во округот без назначување и избор. Секој сам со својата работа беше се изложил и просто се признаваше.

Тогаш се предвиде шифра за ЦК со окрузите и шифра за окрузите, исто така и шифра меѓу ЦК и Софија. Прашањето за печатите (да има печати) беше поставено. Отпрвин остана само ЦК да има печат и со него да се потпечатуваат расписките за целата организација. Даме беше за тоа, а Пере беше против оваа централизација; тој сакаше да си има печат за Битола одделно. Таму се истакна потребата за устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамета (клетвата и др.). Тоа правилниче беше несистематско и литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија, го изработив заедно (со Делчев), таму го напечатив и го испратив.“ (Спомени на Ѓорче Петров, стр. 49 – 51.)

На „Солунскиот конгрес” на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев и Горче Петров добиле за задача да изработат Устав на Организацијата. Тоа го сториле тие двајцата и го отпечатиле, а потоа, го испратиле по револуционерните реони, со што започнува организирано ширење на македонското револуционерно движење, кое преку Илинден и Крушевската република, потоа преку НОВ и АСНОМ, доведе до создавање на самостојна и суверена македонска држава.

Во 2007 година, 23 октомври станува државен празник, Меѓутоа, бидејќи 23 октомври се смета за ден кога е основана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација или ВМРО, СДСМ го оспорува и сака да се укине овој државен празник сметајќи дека тоа е празник на денешната ВМРО ДПМНЕ. Но, како тие да забораваат дека без таквите идеали, организација и стекнати искуства на МРО, немаше да го има подоцна ни АСНОМ, ни македонската држава.

Имено, 23 октомври го симболизира континуитет на борбата на македонскиот народ за независна и самостојна национална држава. На тој ден се потсетуваме на сите хрбри дела на нашите претци. Тоа се дела кои ни даваат храброст да истраеме и да ги надминеме денес сите нови искушенија – оспорување на името, идентитетот.

Сепак 23 октомври е датум кој се славел, се слави и ќе го слават сите идни македонски поколенија, зошто тој е аманет на нашите претци, тоа е коренот на нашата држава. Во тоа не може да ги спречи ниту една марионетска влада.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Најнови вести

To top