На прво место

35 години се доволни и премногу за ваквата „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија

Наум Стоилковски

Јубилеи не секогаш повикуваат само убави работи од меморијата, туку микс од преживеаното, па и од она што оставило рана, направило краста, белег, и не оформило во животот како искуство.

Полнолетството ми започна летото таа ’91 година, среде кампањата за Референдум, а студентскиот стандард во рамки на криминалната транзиција, што пак како генерација не формираше како личности. Некои на едната, некои на другата страна.

Еден таков момент на шок за таа наша генерација, беше скандалот дека министер за здравство Илија препакувал сируп-антибиотик Орацеф со минат рок во нова амбалажа.

Операција во приватен стан! И клопчето тргна.

Се дозна јавно дека братот на министерот, Добре, случајно бил и претседател на Комисијата за лекови; а преку тогашниот Централен Магацин се снабдувале сите аптеки. И народ си пиел, се лечел, со сируп со минат рок препакуван своерачно од министер.

Во меѓувреме, баш од фирмата на советникот на министерот Илија, Ненад, набавувани се медицински раствори за болниците. Ова во 95/96 беше „скандал над скандалите“ во здравството.

Илија после, ’97 година, си „даде оставка“, наградно си стана директор на ГАК, а Добре потоа го фатија како шверца 2 милиони марки (во тоа време, толку чинеа 60-тина станови во Скопје) преку словенечка граница. Илија и Добре се презиваа Филипче. Филипче од 20-тиот век. Патем, Фрчкоски беше до него, министер.

Секоја сличност на Илија со Венко е – генетска. Генеза, зезната работа. Синот Филипче, од 21 век, оној министерот со модуларните, министерот со водичката наместо цитостатици, министерот со провизиите за вакцини среде короната, со зградите на Водно, Дубаи ситизен, Харис Џиновиќ приватен фан клуб. Оној Венко што вакцинираше внука со капаче на иглата, ви текнува?

Денес, после 35 години, се поднаежувам кога на политичката сцена повторно слушам како Филипче опишува за „предизвици во 90-тите години“, денес било полошо, а тој имал „мастер план“ политики, со Ветинг! И Фрчкоски и до него, со синот, главни идеолози.

Шо би рекол самиот Венко, има причина, има еволуција, има генеза.

Зезната е таа работа, „генеза на модус на министерување“!

35 години се доволни и премногу за оваа ваква „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија.

Би биле доволни и за многу поголеми и побогати држави од Македонија. Искуството на две генерации со министерување и политичко делување на вакви „мастери“ како Филипчевци, оставија доволно красти и белези за народот да дозволи уште една бележана генерација.

Ова мора да е последниот јубилеј, последното прославување на независноста, на која како творци на политики и воопшто како јавни личности ќе се појавуваат ликови со мрачна историја, транзициски олигарси со некакви нови криминални „мастер планови“.

Сметам дека дури тогаш ќе се стави вистински крај на транзицијата и ќе може да кажеме дека навистина сме научиле нешто од историјата.

Најново од: На прво место

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

Во Полице откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома

Споменикот е дело на Петро Алексовски и е подигнат со поддршка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Во полскиот град Полице денеска, 19 ноември 2026 година, беше откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија во родните краишта, туку го поминаа животот во Полска и […]

To top