На прво место

55. Семакедонска средба во Трново – традиција што ги обединува Македонците од сите делови на Македонија

Семакедонската средба во потпелистерското село Трново, Битолско, е традиционален илинденски собир на Македонците од татковината и од иселеништвото. Средбата со децении претставува место на заедништво, негување на македонскиот национален идентитет и зачувување на историското и културното наследство.

Годинава, на 2 август 2026 година, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржат 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија, обединети во една Семакедонска средба.

Овој традиционален собир има особено значење затоа што на едно место ги обединува Македонците од Република Македонија, од егејскиот, пиринскиот и другите делови на Македонија, како и иселениците од целиот свет. Тој е потсетување дека, без оглед каде живеат и какви граници ги разделуваат, Македонците ги поврзуваат заедничкото потекло, јазикот, културата, верата и љубовта кон Македонија.

Програмата ќе започне со света богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, од 7:30 до 10:30 часот. Семакедонската средба ќе се одржува од 10:30 до 12:30 часот, по што ќе следува општонародна веселба.

Средбата во Трново е повеќе од обичен собир. Таа е жив мост меѓу татковината и иселеништвото, меѓу минатото и иднината и меѓу сите поколенија што го носат македонското име.

Најново од: На прво место

Благодарници за ЕЗРМ и ФХЕМ за донацијата на Светиот крст од Ерусалим

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) добија благодарници за донацијата на Светиот крст од Ерусалим за црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце. Светиот крст е донесен од Ерусалим и осветен на Каменот на Помазанието во храмот на Светиот Гроб – едно од најсветите места во христијанството. […]

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и саможртва, денес, иако само на еден дел од Македонија, имаме сопствена држава, свој македонски јазик и можност слободно да го славиме македонското име. Нивниот аманет не е само да се поклонуваме […]

Илинден – најголемиот празник кај македонското иселеништво во светтот

Илинден – вечниот македонски факел на слободата и државноста Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се двата најголеми историски столба на македонската борба за национално ослободување и сопствена држава Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се два од најголемите историски настани […]

Светиот крст од Ерусалим свечено пристигна во црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Претставници на Еврејската заедница и на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – го предадоа Светиот крст во храмот „Света Огнена Марина“. Светиот Крст беше пречекан од голем број верници, жители на Зубовце, гости од соседните села и пријатели од цела Македонија. Зубовце денес живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. На […]

Денес да ја прославиме Марена во Зубовце и да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим!

Денес, со почеток во 9 часот, Зубовце ќе живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. По повод селската слава Марена, во црквата „Света Огнена Марина“ свечено ќе биде пречекан Светиот Крст од Ерусалим. На овој свет ден и на возвишениот духовен чин ќе присуствуваат Неговото Блаженство, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска […]

Македонски историски календар: 30 јули

1903 – Во Биринската Планина бил довршен планот за ослободување на Крушево На 30 јули 1903 година, само три дена пред почетокот на Илинденското востание, Крушевскиот востанички штаб одржал состанок во Биринската Планина. Присуствувале Никола Карев, Питу Гули, Иван Наумов–Алабакот, Тома Никлев, Андреја Димов–Докурчев и Тодор Христов. На состанокот бил довршен планот за преземање на […]

Мицевски: Речиси 400 испитувања покажале неисправна вода во времето кога Филипче бил министер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавноста не била информирана за резултатите и побара Јавното обвинителство веднаш да го испита случајот Речиси 400 испитувања на водата, направени во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, покажале дека таа била неисправна, но тогашната власт не ги информирала граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Никола […]

Коњаниците пристигнаа во Вранештица – вечерва ќе преноќат во црквата „Св. Илија“

Коњаниците од здружената коњаница „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ пристигнаа во Вранештица, каде што беа срдечно пречекани од жителите. По напорниот ден и поминатите километри, коњаниците сега се во црквата „Св. Илија“, каде што ќе преноќат и ќе соберат сили за продолжението на патот кон Крушево. Утре тие ќе го продолжат својот […]

To top